Пијачка за сите

pijacka-za-site-povekjeЕдна вечер во еден бар со тетеравење влегол еден пијаница, седнал на шанкот и му се обратил на барменот: - Дај по една пијачка за сите и за мене!


Барменот ги послужил сите, а сметката му ја дал на пијаницата – вкупно: $40 долари.

Но, пијаницата рекол дека нема пари да ја плати сметката, на што барменот многу се налутил, му удрил шлаканица и го исфрлил од барот.

Следната вечер се вратил пијаницата и повторно порачал пијалак за себе и за сите вклучувајќи го и барменот.

Барменот им наточил пијалак на сите и му ја дал сметката на пијаницата.

Пијаницата повторно рекол дека нема пари да ја плати сметката. Барменот повторно се налутил, го истепал пијаницата и го исфрлил надвор.

Третата вечер пијаницата повторно се вратил.

Нарачал пијалак за целиот бар, но не и за барменот.

„Што зарем мене нема да ме почестиш?“ - го прашал барменот.

Пијаницата му одговорил:

-„Аааа...не. Премногу си насилен кога ќе се напиеш“.

Би можело да ве интересира:

Хит видео: Што можеш да правиш на Миконос за помалку од 50 евра - Да лежиш на песок, да седиш на ска... Високите цени на грчкиот остров Миконос секогаш се тема на дискусија и шеги, а с...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
Српска пејачка ќе го крсти кучето, бара најдобрата другарка да му биде кума - Шеговитото видео е хит... „Се шегуваш сега? Не си нормална! Во ред, го разбирам тоа, но... О Боже, чекај д...
Капија удира скијач по половиот орган, американски боб-тим се „крши“ на мразот: Најсмешни моменти од... „Плановите за инвазија на Гренланд се откажани“, се шегуваат на Твитер, откако а...
Хит приказна: Вработен во фирма им барал пари на заем на сите колеги... Еден дечко се вработи во мојата канцеларија пред шест месеци, и уште во првата н...
Хит видео: Меланија ја игнорира Камила откако се појави Кејт - твитерџиите се шегуваат дека е како и... „Кралицата: Девојче, оди и најди го маж ти. Јас и Меланија треба да разговараме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg