Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кафански правила

kafanski-pravila-povekjeОва се правила како треба да се однесувате во оваа установа. Се пренесуваат од колено на колено, а најдобар однос имаат оние со најдолго искуство.


Најдобар тутор е пријателот т.н. “кафански инвентар“.

Примери:

1. Седите во кафана, а на масата ви стои празна чашата. Конобарот доаѓа до масата и ви носи нова чаша ракија, а посегнува да ја земе празната.

-  А, не, шефе.

Ја префрлате новата ракија во старата чашка.

- Жената и чашката не се менуваат.

2. Точено пиво, бокал и две чаши. Средина на разговорот, пола испиени чаши. Еден од пријателите почнува да ги дополнува.

- Ехеј, чекај да допијам, полека...

- Ма подобро е кога е полна чашката куме, да те потсеќа дека треба да пиеш...

- Куме, запамти: чашата никогаш не ја дополнувај и жената никогаш не ја дое*увај! Почекајме да допијам.

Постојат и онакви кои сметаат дека наздравувањето со чаши мора да биде проследено со гледање во очи по секоја цена. Кафанџиите на крајот од вечерта не гледаат бела мачка пред очи, а камо ли да треба да ви ги најдат очите.

Ако сите пијат, пиеш и ти. Ако си уморен од работа, ако треба да станеш рано утредента, или ако едноставно не ти се пие – не си требал да доаѓаш ич!

Ако си закаснил, има за казна првите 2 да ги мавнеш на екс. И тоа без да се побуниш. Се побуниш ли - па ти не си маж бре!

Ако има жива музика, не нарачувај песни без да фрлиш паричка на музикантите. На пејачката – посебен третман (хартиен фишек во градникот).

Ако не си во форма и не си доволно пијан – или си педер или едноставно не си за во кафана, и нема да те викнат следен пат!

Како се одвива јадењето во кафана:

Прво една ракија на екс на суво. После следи мезе со ракија, шопска, мешана, ракија, втора тура салата, кисели пиперки и по некоја феферонка, ракија, пиперка во млеч, ракија.

Откако добро сте се подмачкале со мезето ќе удрите едно предјадење со некое добро пинџурче, ќебапче, нафорче. Во комбинација со ракија и пивце.

Главно јадење: Димени ребра, увијач, пиво, помфрит со нафора, уште некое пиво, плескавица, стек, вешалица, пиво, пивце, а може и по некое винце добро лизга со мевцето.

Десертот се прескокнува или се заменува со уште некоја течност.

Уф, па има ли нешто померачко од кафана?

Кои се вашите ритуали во кафана?

Би можело да ве интересира:

Кога ќе нарачаш производ онлајн, а ќе добиеш нешто сосема поразлично (фото) Колку пати сте нарачале онлајн некоја храна која изгледала привлечно на фотките,...
13 шеги на кои работниците слатко ќе се насмеат (но, и шефовите) „Не ми пречи да доаѓам на работа, тоа ми е како 8-часовно чекање за да си одам д...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
Фото-докази дека во некои ситуации не треба да бидете „сам свој мајстор“ Скршено автомобилско стакло „поправено“ со заштитно стакло за телефон, проектор ...
„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Смешна фото-компилација: Зошто жените живеат подолго од мажите? Маж кој сече дрво со моторна пила додека е качен на дрвото, дечко кој поправа кл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg