Девојка со уникатно хоби - создава ремек-дела од домашен месен леб (фото)

Хана Пејџ од Северна Каролина, САД, пред 8 години првпат замесила леб по рецепт што го нашла на интернет. Тестото го украсила со неколку различни зеленчуци, го испекла и се воодушевила од неговиот шарен изглед. Денес, тоа е прераснато во хоби и пасија, па создава неверојатни ремек-дела од леб. 

uchitelka-po-istorija-sozdava-remek-dela-od-domashen-mesen-leb-foto-01.jpg 

Хана Пејџ, која е учителка во средно училиште, пред 8 години првпат самата замесила леб и откако го украсила со различни зеленчуци, самата се воодушевила од својот дизајн. 

Неколку дена откако го испекла својот прв домашен леб, таа замесила нов и направила поинаков украс за тестото. 

Брзо потоа Хана отворила нов профил на Инстаграм, наречен „Blondie + Rye“, на кој оттогаш ги објавува сликите од уникатните дизајни на лебовите.

Со своите слики за кратко време почнала да го привлекува вниманието на луѓето низ светот, па денес има преку 228.000 следбеници на оваа социјална мрежа.

Хана често објавува слики од своите домашни лебови за кои многумина велат дека се вистински ремек-дела.

Таа признава дека експериментирала со различни типови тесто, но дека најмногу ѝ одговара т.н кисело тесто, кое е пуфкасто, расте брзо и најдобро се вклопува со додатоците што таа ги користи.

Во продолжение некои од уникатните лебови на Хана Пејџ.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 детски цртежи кои ќе ве насмеат до солзи (и разнежат) „Син ми ја нацрта учителката - не знам дали да ѝ го дадам цртежот или не“. „С...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
Ја избодела мајка ѝ 79 пати, имала шизофренија: Морничавиот случај на Изабела Гузман Во 2013-та, тогаш 18-годишната Изабела Гузман од САД ја избодела мајка си 79 пат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg