„Девојко, имам мерцедес, сакаш да го возиш?“ - Македонците ги открија најлошите фрази со кои им се додворувале

„Пред неколку години додека чекав ред пред тоалет во ноќен клуб еден дечко застана до мене и ми рече: „На скала од 1 до 10 ти си чиста 9-ка. А јас сум оној 1 што ти фали“. И денес ми е срам колку многу му се смеев во фаца“, вели Македонка во нашата анкета на Инстаграм. Сте имале ли вие некое вакво искуство?

devojko-imam-mercedes-sakash-da-go-vozish-makedoncite-gi-otkrija-najloshite-frazi-so-koi-im-se-dodvoruvale-01.jpg

Ви се случило ли некогаш да сакате да се изнасмеете некому в лице поради начинот на кој ви се додворува? Кога ќе ви каже или напише нешто да не знаете дали да плачете, да врескате или само да се обидете да го игнорирате тоа што го слушнавте...?

Момците и девојките некогаш не бираат фрази што мислат дека „ќе пројдат“ кај спротивниот пол, па кажуваат работи од кои потоа и тие се срамат. Ама, што е кажано – кажано е, и нема враќање назад.

Ги прашавме Македонците преку анкета на Инстаграм кои се некои од најлошите, најсмешни и најбанални муабети со кои некој им се додворувал.

Некои од одговорите на Македонците:

Пред многу години кога мажите им приоѓаа на девојките во диско, во иста вечер до мене и другарка ми дојдоа тројца дечки со истиот муабет: Девојки, имате запалка?

Освен што си олку убава, што друго работиш во животот?

Девојко, имам „мерцедес“. Сакаш да го возиш?

Добив порака на Инстаграм од тип со кој се следиме, а кој често оди во зграда кај моите соседи: „Ти ли се возеше пред малку во лифтот? Мислам дека ти го осетив парфемот“.

Една девојка ми пиша: „Ти си симпатичен, јас сум убава, па мислам дека треба да престанеш да ме игнорираш и да излеземе“’

Пред неколку години додека чекав ред пред тоалет во ноќен клуб еден дечко застана до мене и ми рече: „На скала од 1 до 10 ти си чиста 9-ка. А јас сум оној 1 што ти фали“. И денес ми е срам колку многу му се смеев во фаца.

Никој не ми се пуштал со некоја глупава фраза, ама се сеќавам на муабет меѓу сестра ми и нејзините другарки, кога некој ѝ рекол на едната од нив: „Чувствувам дека ќе се заљубиш во мене и ќе ми родиш деца, дај ми број да ти се јавам“. Делува како приказна, ама пред една година добија дете и уште се заедно.

Не знаев колку може да биде смешно флертувањето додека пред неколку години еден дечко не ми рече: „Дали е татко ти крадец? Ја украл убавината од ѕвездите и ти ја ставил во очите“.

Бонус одговор:

Не се сеќавам со какви сè глупави муабети сум се пуштал на девојки. Ама се сеќавам кога една вечер пијан ѝ се „закачив“ на една девојка.

Не знам што сум и зборувал, ама таа ме погледна и ме праша: „Братучед, добар ли си? Не ме позна?“. Кога се отрезнив сфатив дека ми е втора братучетка. И денес бегам од неа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бабичка во Загреб поставила огромен базен среде улица за внуците - на крај дошла полиција (хит видео... „Базенот беше тука две седмици и колку што знам, никој од соседите не се пожали“...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...
Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...

Најчитани неделава