8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно

Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го ставате ранецот кога сте во јавен превоз? Ова се ситни грешки што ги правиме скоро сите, но некогаш можат да имаат големи последици.

sekojdnevni-raboti-shto-site-gi-pravime-pogreshn-001.jpg

На работите што ги правиме секојдневно не им обрнуваме многу внимание. Всушност, веќе ги правиме и автоматски.

Но, токму кај овие работи сите понекогаш се случува да правиме некои грешки.

Секојдневни работи што скоро сите ги правиме погрешно:

Миење коса

Најпрво, многу е подобро да ја завиткате косата во памучна маица отколку во крпа. Маицата е од помек материјал и веројатноста да ја искине косата е помала.

Додека ја миете косата со шампон, важно е да користите нежни движења. Не го тријте скалпот со ноктите, туку само со врвовите на прстите.

Пред да нанесете маска или регенератор, исцедете ја водата од косата. Исто така, нанесувајте ги овие продукти само на врвовите. Ако ставите и на корените, косата ќе го изгуби волуменот.

sekojdnevni-raboti-shto-site-gi-pravime-pogreshno-02.jpg

Ранец во јавен превоз

Со ранецот зафаќате простор колку уште еден човек кога сте во јавен превоз. Покрај тоа, несвесно ги удирате другите бидејќи не го ни гледате ранецот.

Препорачливо е во јавен превоз ранецот да го ставите од напред, како на фотографијата подолу.

Ако, пак, има многу луѓе, држете го во рака за да ослободите простор.

sekojdnevni-raboti-shto-site-gi-pravime-pogreshno-03.jpg

Миење заби

Кога ги миете забите, доволно е да нанесете многу мала количина паста – колку зрно грашок.

Всушност, ова го пишува и на самата амбалажа на некои пасти.

sekojdnevni-raboti-shto-site-gi-pravime-pogreshno-04.jpg

Ставање фластер на прст

Ако го повредите прстот и само го залепите фластерот, и самите знаете дека нема да ви трае многу долго.

Следниот пат искористете го илустрираниот водич подолу.

sekojdnevni-raboti-shto-site-gi-pravime-pogreshno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
10 грешки поради кои новата облека за кратко време ви изгледа износено и парталаво Облеката ја сушите кога сонцето е најсилно, парфемот го прскате директно на обле...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg