Вирален македонски твит: „Луѓево земале кредити и изнајмувале викендици со базени по Сопиште за славење полнолетство на децата“

„Денеска низ муабет дознав дека луѓево земаат кредити да им ги исполнат хировите на децата за славење полнолетство, изнајмувале викендици со базени по Сопиште дека тоа требало да биде помпезно и холивудски на сета сиромаштија. Кај згрешивме со децава?“ прашува Делфинчето на Твитер.

objava-od-makedonski-tviterdjija-pottikna-lavina-reakcii-roditeli-zemale-krediti-za-da-im-gi-ispolnat-hirovite-na-decata-kade-zgreshivme-01.jpg

Објавата на нашиот Твитер корисник „Делфинчето“ на Твитер во која прашува: „Дали среде оваа сиромаштија е нормално родители да земаат кредити за да им ги исполнуваат хировите на децата?“ поттикна лавина реакции меѓу Македонците.

Твитот за кратко време стана вирален и поттикна дискусија кај кого е поголемата грешка – кај родителите или децата?

„Денеска низ муабет дознав дека луѓево земаат кредити за да им ги исполнат хировите на децата за славење полнолетство (18 год.), изнајмувале викендици со базени по Сопиште, дека тоа требало да биде помпезно и холивудски на сета сиромаштија.

Кај згрешивме со децава?“ прашува Делфинчето на Твитер.

Оваа објава предизвика бројни реакции – од тоа дека децата не се виновни и можат сè да си побараат до тоа дека родителите преку своите ќерки и синови самите си ги лечат своите комплекси.

Прочитајте дел од коментарите:

„У наше време се правеа банкети, идевме у војска, а девојките славеа полнолетство со нас кога ќе ни дојдеа на посета“.

„Кај згрешивме со родителите? Деца како деца, си бараат, ама не мора да добијат“.

„Во наше време кафичи изнајмуваа. Тоа никогаш не беше случај со мене, моите не можеа да си дозволат такво нешто. Нашиот менталитет отсекогаш бил таков, не е ова ништо ново. Сепак се лоши вести, ич не сме напреднале во тој поглед“.

„Викендица со базен во Сопиште - холивудски, дај не ме смеј. Трагедијата е во масовната сиромаштија, што за прослава се задолжуваат со кредити. До толку сме дно“.

„Неизживеани родители што лечат комплекси преку децата. На крајот децата го кркаат пошто кога више тато и мама нема да можат да земат кредит за бело и викендици, ќе се свртат на криминал и проституција“.

„Родителите го прават тоа за тие да се експонираат, не децата. Никаде не е згрешено со децата. Згрешено е уште кога овие родители беа своевремено деца и научија ‘учи да не работиш’ и ‘што ќе кажат комшиите’”.

„Си ќутам, назад ми е зимата не знам што ме чека. А сигурно ќе е полошо од ова“.

„Јас требаше во 2020 да славам полнолетство, а во 2021 да славам матура. Мама собрала пари, ама ѝ реков ‘чувај ги кога ќе ми требаат, ќе ми дадеш’. Ем корона беше, ем нејќам душмани да ранам, а знам дека немам доволно. И така лани си купив клима со тие пари“.

„Што не сте ги тепале на време кога требало, ете тоа сте погрешиле“.

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
Некогаш vs. денес: Колку се промени светот во само неколку години, низ илустрации? Кога бевме мали родителите нè молеа да се прибереме од улица, но сега мајките и ...
Методи за спречување на тантруми според возраста: Како да реагирате кога детето има 2, а како кога и... Сите гледаат во вас, а вашето дете вреска и се удира од ѕид. Не грижете се и про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg