Дали се откажувате од своите соништа?

dali-se-otkazuvate-od-svoite-sonista-povekjeШто всушност сакате од животот? Кој е вашиот голем сон? Превземате ли нешто за да го остварите? Ако не, зошто е тоа така? Што е она што ви...


...пречи во тоа? Можеби се плашите.

Што и да е причината морате да најдете начин да се соочите со пречките и да си ги остварите целите.

dali-se-otkazuvate-od-svoite-sonista

1. Изговори. Повремените изговори се сосема во ред, но ако постојано давате едни исти оправдувања ова е знак за узбуна. Тоа е моментот кога почнувате да верувате дека пречките се реални и непреминливи. Престанете да барате изговори и фокусирајте се на барање решенија.

2. Страв. Сосема природна човечка реакција на непознати ситуации. Ако допуштите да ве обземе стравот, тој ќе ја преземе контролата над вашиот живот. Сакате ли до крајот на својот ден да бидете престрашени од се?

3. Анализирање. Дали сте од оние кои не можат да донесат ниту најобична животна одлука без да ја проанализираат детално? Ова, никогаш не успева. Никој не тврди дека планирањето е лоша навика, но претерано анализирање ќе создаде поплава од информации во вашиот мозок, кои ќе ве направат неспособни за акција. За жал, кај некои работи тајмингот е се.

4. Ај утре... Колку пати сте си го рекле оа? За жал, животот не е направен за утрешните планови, туку за она што сте подготвени да го направите во овој момент. Немојте да чекате совршена прилика за да направите нешто. Храбро тргнете напред, а среќата ќе си го најде патот до вашиот живот.

5. Кога би имал/а барем... повеќе пари? Повеќе таленти? Повеќе време? Повеќето успешни луѓе никогаш не се замарале со животот кои би можеле да го имаат ако...туку ги зеле конците во свои раце и направиле се за да го остварат истото. Сонувањето е убаво, но за жал и потполно бесмислено.

6. Јас не сум...Се плашите дека не сте доволно вредни? Доволно паметни, убави или значајни? Овие мисли ја нарушуваат самодовербата и порано или подоцна и да не е така, луѓето ќе ве гледаат како помалку вредни.

7. Неуспех. Е составен дел од секој пат до успехот. Воопшто не треба да го сфатите трагично, туку на него да гледате како можност да научите од она што сте направиле погрешно. На крајот на краиштата, како можете да знаете дека во нешто сте успеале ако никогаш не сте почувстувале како е кога си на дното?

Би можело да ве интересира:

Со месеци му правеле егзорцизми, лекарите немале објаснување: Вистинската приказна зад најморничавио... Филмот The Exorcist е снимен според вистинската приказна за 13-годишно момче кое...
Го обвини принцот од Монако за силување, па ја затворија во психијатриска установа: Каде исчезна мод... Откако Карен Мулдер обвини низа мажи за силување и изјави дека манекенките се тр...
Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...
Работат за 100 евра плата, умираат поради нехумани услови: Мрачната страна зад гламурот на Дубаи (шт... Работниците во Дубаи кои работат на градилиштата, но и по хотели, спа центри и с...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...

Најчитани неделава