Искрена објава на козметичарка: „Како изгледа моето лице со филтер и добро светло, а како во реалноста?“

Во вирално видео, козметичарка докажува дека она што го гледаме на социјалните мрежи е далеку од реалноста и покажува како навистина изгледа нејзиното лице без филтри и без добро светло.

viralno-video-kako-izgleda-moeto-lice-so-filter-i-dobro-svetlo-a-kako-vo-realnosta-01.jpg

Иако сме свесни дека она што го гледаме на Инстаграм и ТикТок е далеку од реалноста, сите сепак настојуваме да се споредуваме со нереалното совршенство.

Знаеме дека повеќето инфлуенсерки користат филтри и светло за да изгледаат беспрекорно, но без разлика, сепак сакаме совршена кожа како нивната.

Мими Веб е медицинска сестра, како и козметичарка сертифицирана за апликација на ботокс и филери.

На нејзиниот ТикТок профил што го следат над 40.000 корисници редовно споделува видеа за нега на кожа.

viralno-video-kako-izgleda-moeto-lice-so-filter-i-dobro-svetlo-a-kako-vo-realnosta-03_copy.jpg

На едно од видеата, кое стана вирално, Мими покажува како изгледа нејзиното лице со добро светло и филтер, а како во реалноста, истакнувајќи дека „социјалните мрежи не се реални“.

На почетокот од видеото, лицето на Мими изгледа беспрекорно со филтер кој додава шминка и добро светло. Потоа таа го менува филтерот со посуптилен, па го гаси и светлото, па целосно го трга филтерот.

viralno-video-kako-izgleda-moeto-lice-so-filter-i-dobro-svetlo-a-kako-vo-realnosta-04.jpg

viralno-video-kako-izgleda-moeto-lice-so-filter-i-dobro-svetlo-a-kako-vo-realnosta-05.jpg

На крај, излегува на сонце и покажува како навистина изгледа нејзината кожа.

viralno-video-kako-izgleda-moeto-lice-so-filter-i-dobro-svetlo-a-kako-vo-realnosta-06.jpg

Во коментари, добива само поддршка со следбениците:

„Ова ја покажува твојата надворешна, но и внатрешна убавина“.

„Сериозно, ти благодарам“.

„Прекрасна си и природна“.

„Ти ги сакам искреноста и самодовербата“.

Погледнете го видеото: 

@missmimiwebb

#greenscreenvideo

♬ original sound - Mimi

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg