Исчезнала, па ја нашле мртва во подрумот – Кој ја убил Џо Бенет Ремзи, 6-годишна ѕвезда на натпревари за убавина?

Во 1996-та, 6-годишната Џо Бенет Ремзи отишла да спие. Но, во 5 наутро девојчето исчезнало, а мајка ѝ нашла порака од киднапери кои барале 118.000 долари за нејзиното враќање. Следниот ден, татко ѝ го нашол мртвото тело на Џо во подрумот. Повеќе од две децении подоцна, јавноста е убедена дека родителите ја убиле Џо, но полицијата нема никакви докази.

ischeznala-pa-ja-nashle-mrtva-vo-podrumot-koj-ja-ubil-dzho-benet-remzi-6-godishna-dzvezda-na-natprevari-za-ubavina091.jpg

Убиството на 6-годишната Џо Бенет Ремзи од 1996-та до денес важи за една од најпознатите нерешени мистерии.

Кога исчезнала, најпрво се верувала дека е киднапирана, но само неколку часа подоцна била пронајдена мртва во нејзиниот дом.

Бидејќи Џо Бенет учествуваше на натпревари за убавина за деца и беше ѕвезда во САД, нејзиното убиство привлече огромно внимание и до денес многумина си го поставуваат прашањето – Кој ја убил и дали можеби виновниците се нејзините родители?

ischeznala-pa-ja-nashle-mrtva-vo-podrumot-koj-ja-ubil-dzho-benet-remzi-6-godishna-dzvezda-na-natprevari-za-ubavina-02.jpg

Џо Бенет Ремзи е родена во август 1990 година во Колорадо и до 6-годишна возраст имала освоено прво место на бројни детски натпревари за убавина во САД.

Во младоста, и мајка ѝ учествувала на натпревари за убавина, па таа инсистирала и Џо да го следи истиот пат.

Но, поради фотосесиите кои за многумина не се соодветни за 6-годишно девојче, по смртта на Џо, мајка ѝ била критикувана бидејќи ја експлоатирала ќерка си. Некои сметаат дека самата ја направила мета на педофили, а постои и верување дека девојчето е убиено од педофил.

ischeznala-pa-ja-nashle-mrtva-vo-podrumot-koj-ja-ubil-dzho-benet-remzi-6-godishna-dzvezda-na-natprevari-za-ubavina-5.jpg

На 24-ти декември 1996 година, Џо Бенет, заедно со родителите и брат ѝ, се подготвувала за прославата на Божиќ во нивниот дом.

Според исказите на родителите, Џо Бенет си легнала да спие и навидум сè било во ред.

Но, околу 5:30 часот наутро, мајка ѝ забележала лист хартија на скалите во домот. Кога го зела, сфатила дека е порака на која пишувало дека Џо е киднапирана, а киднаперите бараат 118.000 долари за да ја вратат. Киднаперите напишале и дека ќе им дадат повеќе информации во 10 часот наутро.

Мајка ѝ веднаш го разбудила татко ѝ, по што повикале полиција.

ischeznala-pa-ja-nashle-mrtva-vo-podrumot-koj-ja-ubil-dzho-benet-remzi-6-godishna-dzvezda-na-natprevari-za-ubavina-08.jpg

Кога пристигнале, полицајците ја пребарале куќата, но не го нашле девојчето.

Двајца детективи останале со родителите на Џо и чекале повик или каков било контакт од киднаперите.

Но, поминал 10 часот без киднаперите да пробаат да ги контактираат родителите.

Ова ѝ било чудно на едната детективка која била во домот, па му рекла на таткото уште еднаш да пребара низ домот, во случај да испуштиле нешто.

И, на големо изненадување на сите, кога тој се симнал во подрумот, таму го нашол мртвото тело на девојчето.

ischeznala-pa-ja-nashle-mrtva-vo-podrumot-koj-ja-ubil-dzho-benet-remzi-6-godishna-dzvezda-na-natprevari-za-ubavina-16.jpg

Џо била удрена на главата и задавена со најлонски конец.

Во подоцнежно сведоштво, татко ѝ изјави дека ја нашол завиткана во бело ќебе, за заврзани раце и залепена уста.

По ова, полицијата направила неколку големи грешки кои се верува дека имале влијание врз комплексноста на случајот – му дозволиле на таткото да го помести телото, не ги интервјуирале родителите посебно и дозволиле луѓе да влегуваат во куќата.

Некои од гостите на родителите, сакајќи да им помогнат, го чистеле домот, што значи најверојатно избришале отпечатоци и други потенцијални докази.

ischeznala-pa-ja-nashle-mrtva-vo-podrumot-koj-ja-ubil-dzho-benet-remzi-6-godishna-dzvezda-na-natprevari-za-ubavina-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава