Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Биле во врска, ладнокрвно убиле две жени: Злосторството на сестрите Папин за кое се зборува и 90 години подоцна

Мајката и ќерката останале беспомошни откако очите им биле ископани, па сестрите зеле чекан, нож и тенџере и ги удирале жртвите додека не ги усмртиле.

По убиството сестрите го исчистиле нередот, ги заклучиле вратите и запалиле свеќа во својата соба, па чекале да се врати газдата.

Кога Рене видел дека неговата сопруга и ќерка ги нема, заедно со свој пријател се упатил кон својата куќа. Откако ја видел куќата во темнина, веднаш ја контактирал полицијата која упаднала во домот.

bile-vo-vrska-ladnokrvno-ubile-dve-zheni-zlostorstvoto-na-sestrite-papin-za-koe-se-zboruva-i-90-godini-podocna-009.jpg

Описот „крвавата оргија“ кој го дал Жак Лакан, француски психоаналитичар и психијатар, сликовито го опишува злосторството што го извршиле двете слугинки.

Сопругата и ќерката на Ланселин биле убиени на најбрутален начин, очите им биле извадени, а непрепознатливи од ударите.

Двете сестри лежеле голи на креветот и веднаш ги признале убиствата, многу смирено и без чувство на каење.

Набрзо како доказ било земено и оружјето за убиство: кујнски нож, чекан и тенџере. 

bile-sestri-ljubovnicki-i-ubijci-za-zlostorstvoto-na-sestrite-papin-se-zboruva-i-90-godini-podocna-12.jpg

Кристин и Леа биле сместени во затвор, но одделно. Ова многу ја вознемирило Кристин.

Во еден момент ѝ било дозволено да ја види сестра си и во таа пригода силно се прегрнале. Разговорот што следел имплицирал дека сестрите всушност имале сексуални односи.

Неколку месеци подоцна, Кристин доживеала напад на лудило во кој се обидела да си ги извади очите.

Брзо била совладана и облечена во лудачка кошула.

Подоцна, пред полицијата изјавила дека имала сличен напад на денот на убиството, сугерирајќи дека нејзиното однесување е резултат на психичка болест.

bile-vo-vrska-ladnokrvno-ubile-dve-zheni-zlostorstvoto-na-sestrite-papin-za-koe-se-zboruva-i-90-godini-podocna02.jpg

Пред почетокот на судењето, се зголемувал и притисокот од јавноста, а цела Франција внимателно го следела развојот на настаните.

Интелектуалците сметале дека убиството било манифестација на класна борба бидејќи девојките, кои ја претставувале работничката класа, се побуниле против своите господари – буржоазијата.

Жак Лакан направил студија во која ги анализирал сестрите и нивната чудна врска.

Голем број луѓе се собрале пред судницата во септември 1933 година, чекајќи ја пресудата.

На судењето било заклучено дека Кристин била организатор на убиствата и дека причината за злосторството била ситна кавга помеѓу мадам Ленселин и Кристин.

Судот, исто така, заклучил дека помладата сестра Леа била целосно опседната со својата сестра, до тој степен што нејзината личност била само продолжеток на Кристин.

Предвид биле земени и фактите за историјата на психички болести во семејството, како и за насилниот татко.

bile-sestri-ljubovnicki-i-ubijci-za-zlostorstvoto-na-sestrite-papin-se-zboruva-i-90-godini-podocna-07.jpg

Сепак, Кристин добила смртна казна, а нејзината сестра добила помала казна, како соучесник. Казната на Кристин потоа била сменета во доживотен затвор.

Брзо по пресудата таа заболела од депресија, одбивала да јаде и покажувала повремени напади на лудило. Никако не можела да прифати дека е разделена од сестра си, бидејќи тие две функционирале како единка.

Кристин Папин починала во 1937 година, а Леа била ослободена од затвор во 1941 година.

Според некои извори, Леа успеала да се вработи во хотел во Нант користејќи лажен идентитет.

bile-vo-vrska-ladnokrvno-ubile-dve-zheni-zlostorstvoto-na-sestrite-papin-za-koe-se-zboruva-i-90-godini-podocna-10.jpg

Се верува дека таа починала во 1982 година, но во 2000 година режисер по име Клод Вентура тврдел дека таа сè уште е жива.

За нивниот живот бил снимен и документарен филм (En quête des soeurs Papin) во режија на Вентура, каде што се појавила и самата Леа, но парализирана поради мозочниот удар што го доживеала пред снимањето.

Поради мозочниот удар не можела ниту да зборувa.

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg