Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Психички болести и самоубиства - Како проклетството во семејството Хемингвеј се пренесувало со генерации?

Последните денови на Ернест биле исклучително тешки и иако се чини дека неговите најблиски се обиделе да му помогнат, тој на крајот им подлегнал на своите психички болести.

Во 1960 година работите почнале да се движат на подобро.

Ернест ја напуштил Куба и се преселил vo Њујорк, но отпатувал во Шпанија на фотосесија. Веднаш почнале да кружат текстови дека здравјето му се влошило, но тој ја уверил својата сопруга Мери дека е добро.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-08.jpg

Кога Ернест се вратил во Њујорк, неговата сопруга го имала преселено во Ајдахо, но тој одбивал да го напушти станот во Њујорк.

Тој бил вознемирен и параноичен дека ФБИ ќе го следи и луѓето ќе му ги украдат парите.

На крајот бил лекуван во клиника во Минесота и бил подложен на електроконвулзивна терапија најмалку 15 пати. 

Му била дијагностицирана и депресија, а некои медицински експерти во тоа време мислеле дека неговата состојба се должи на злоупотребата на лекови како Риталин.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-09.jpg

Мери го фатила Ернест со пиштол во нивната куќа во Ајдахо и го повикала нивниот лекар, кој го примил во болница каде што бил подложен на три третмани со електрошок.

Неколку месеци подоцна, тој си го одзел животот со својата пушка. 

Мери целосно негирала и им кажала на новинарите дека смртта била случајна, но години подоцна признала дека се самоубил.

 psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-10.jpg

И неговиот единствен син се борел со психички болести.

Во документираниот филм, Мериел отворено зборува за менталните болести и алкохолизмот во нејзиното семејство, вклучувајќи го и фактот дека нејзиниот татко, Џек Хемингвеј сексуално ги злоставувал нејзините две сестри, Џоан и Марго.

Таа додала дека иако не се сеќава дека Џек ја силувал и нејзе, се сеќава дека спиела во собата на нејзината мајка, што според неа можеби било начин мајка ѝ да ја заштити. 

Таа исто така додала дека Џек можеби не знаел што прави бидејќи во тие моменти бил целосно пијан.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-11.jpg

Марго, која своевремено била најплатен модел на светот и доста успешна актерка, извршила самоубиство на 42-годишна возраст, додека Џоан, која е единствена во семејството со потврдено нарушено психичко здравје, боледува од тежок облик на биполарно нарушување, односно манично-депресивна психоза.

Марго уште на 15 години станала алкохоличарка, додека Џоан која инаку била сликарка, експериментирала со разни дроги, што според Мериел ја довело до конечна психоза.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-12.jpg

Само Мериел семејното проклетство ја стигнало во вид на депресија, која во поблага форма ја чувствувала во текот на целиот живот, додека по болеста на нејзиниот сопруг паднала во тешка форма на оваа болест и била на работ на самоубиство. 

Наместо од алкохол или опијати, таа била зависна од различни форми на „здрав живот“, специјални диети, вежби и строго планирање на животот.

Таа, сепак, тврди дека во меѓувреме успеала да се излечи и дека само со нејзиниот сегашен партнер, холивудскиот каскадер Боби Вилијамс ја открила магијата на спонтаната забава, непланираната игра и опуштениот живот.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-13.jpg

Презимето Хемингвеј го зеле и нејзините две ќерки, Дри која гради кариера како модел и Ленгли која е сликарка.

Мериел се надева дека семејното проклетство ќе ги заобиколи нејзините ќерки.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-14.jpg

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg