Ново ТВ Шоу: Лидери

novo-tv-shou-lideri-povekjeЛидери со Коста Петров, е најновиот ТВ проект на интернационалната креативна агенција Пи Ворлд позади која стои и едно од највисокобуџетните...


...македонски ТВ шоуа Агенти на Промените, кое се емитуваше на Канал 5. novo-tv-shou-lideri

Овој пат агенцијата во соработка со Алфа ТВ на македонските гледачи ќе им даде екслузивна можност да влезат во светот на некои од најмоќните светски и регионални лидери.

Премиерната епизода на Лидери со Коста Петров, ќе се емитува во Сабота, 10ти Декември на Алфа ТВ и вклучува екслузивно интервју со Српскиот Престолонаследник Александар Караџорџевиќ.

Снимена на Бели Двор на Дедиње, емисијата нуди единствена можност да се дознаат најнови детали околу егзилот на Принцот, неговиот конфликт со Тито и Милошевиќ како и неговите планови за враќање на кралскиот имот во Демир Капија.

Во следните епизоди гледачите на Алфа ТВ ќе имаат можност да видат и интервјуа со британскиот спин Доктор Алистер Кембел, Албанскиот Премиер Бериша како и екслузивно интервју со Латиф Јахја, двојникот на Удеј Хусеин, злобниот син на поранешниот Ирачки претседател Садам Хусеин.

Би можело да ве интересира:

Кендал Џенер и „клетвата на Кардашијанс“, враќање на Backstreet Boys: Најдобрите реклами за Super Bo... Рекламата со Кендал Џенер е веќе меѓу најпопуларните – ријалити ѕвездата ја спом...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Алфред Нобел - динамит: Генијалци кои зажалиле за изумите што ги направиле славни Алфред Нобел е креаторот на Нобеловата награда, но и личноста што го измислила д...
Починала во својот дом, ја нашле три децении подоцна: Детали за една од најчудните мистерии од поран... Хедвига Голик починала во 1960-тите или 1970-тите, во нејзиниот стан во Загреб. ...

Најчитани неделава