Таксистите во Скопје - непроценливо искуство

taksistite-vo-skopje-neprocenlivo-iskustvo-povekjeАко живеете или престојувате во Скопје, сигурно сте имале можност да се возите со скопските такси компании. Во денешно време, ова искуство...


...е непроценливо. Напоменуваме, секоја чест на ретките исклучоци кои прават да се чувствувате пријатно додека ве возат до саканата дестинација.

- Таксистите во Скопје се неисцрпен извор на непотребни информации. Влегувате после работа во такси, главата полна, мртви уморни и сакате на раат да си стигнете дома. Ех, па тоа е тој дел од денот кога треба и таксистот да ви го раскаже неговиот цел ден. Така, додека да стигнете до дома, веќе знаете што доручкувал, како кога бил во Германија улиците и сообраќајот биле перфектни, кога ќе ја земе жена му од работа и како син му е многу богат кошаркар... Неизбежно е дрско и безобразно пцуење на политичарите и политичките партии, градоначалниците неспособни што не ги прават улиците, семафорите, неспособните цајкани кои го регулираат сообраќајот...

- Една важна работа која треба да ја имате на ум ако се возите наутро, постои можност да налетате на специфичен мирис во такси колите (лук, отстоено, мувла). Практично е да носите шал, марама или било што ќе ви ги покрие носот и устата и барем на кратко ќе ви ги спаси маките. Многубројни се оние коли каде прозорите позади не се отвараат па да не се чудите ако не можете да најдете рачка или дугме за отварање.

- Чудна работа е како таксистите никогаш немаат ситно. Значи ако имате покрупно од стотка, подобро воопшто не се качувајте. Извадите ли петстотка или илјадарка ќе ве поздрави таксистот: Ејјј, немам, немам ништо ситно, сега баш пред вас ми ги собраа сите ситни. Еве – и ви покажува плико полно само 500ки или илјадарки. И сега? Што? Трчате до дома или до работа или кај и да одите и ВИЕ се организирате од каде да набавите ситно. Препорака: Уште кога ќе викате такси по телефон или пред да влезете во колата најавете си дека немате ситно! И не се секирајте, ќе застанат кај некоја продавничка и вие ќе треба да истрчате, (и таму секако дека нема да имаат да ви раситнат) па на крај ќе си купите мастики и ќе ви вратат ситен кусур (пошто нели, немаа ситно претходно). Така, ем ќе набиете кондиција, ем ќе имате мастики, ем ќе си стигнете дома со такси.

- Ако живеете во населба која нема булевар, има куќи и повеќе мали улички, веројатноста дека од прва ќе ви ја погодат адресата е 0,00000000001. Не ги спасува ни мапа, ни GPS. Уште повеќе се усложнува работата ако имате во бројот и А или Б. Откако ќе си почекате надвор додека таксистот кружи низ ваше маало барајќи го бројот, ќе мафтате со раце и нозе да ве видат кај сте, ќе влезете во кола и ќе добиете изговор од типот: „Ејјј извини овде бил бројов а?“ Или „Ех нов сум јас па уште не ги знам улиците“. Добро бе луѓе па тоа ви е работа, зарем не треба да постои некој тест за познавање на градот пред да се вработи такси возач???

- Посебна категорија во такси приказната се диспечерките. Речиси секогаш се нервозни во клучните часови од денот. Така, додека мирно се возите низ градот одеднаш на радио станицата ќе ја чуете нервозно и без усул тетка диспечерка: 63! Уште еднаш ако не кренете на мобилен телефон ќе ве исклучам!! Или „Па добро бе колега 5 примено е или не е? Јас да дојдам да ви стиснам на станицата за да примите!!!“ И да, речиси секогаш грешат во проценката за колку минути ќе ви дојде колата (кај оние компании кои имаат GPS).

- Удобноста на такси автомобилите е бесценета. Автомобилите 90% се раскантани, фури од сите страни или пуштаат греење на најсилно и ве дува во фаца се додека не пребледете од недостиг на воздух пошто нели не можете да го отворите прозорот. Рачките за отварање на вратите ако не се скршени – сте добиле на лотарија! Музичето во позадина – поздрави и честитки ечи турбо фолк се меша со крчењето на радио станицата – празник за уши. На сите дупки подрипнувате и вие заедно со колата која имате чувство дека во секој момент ќе се распадне.

- Таксистите обожаваат да застануваат на пешачки премини и да ги пуштаат колите пред нив во колоната. И секако при тоа коментираат: „Викаат ние таксистите демек сме застанувале намерно и полека сме возеле да не фати црвено за да наплатиме повеќе.“ Мх,мх,мх...

- Во моментов актуелни се оние такси компании кои даваат попуст 20%. Ама ова е по желба, ако сака ќе ви даде, ако не нема. Има некои што даваат попуст ако имате картичка, ама ако не спомнете дека имате – нема да ве прашаат и ќе ви наплатат по откуцаната цена. Немојте да помислите да барате фискална и сметкопотврда. Ќе добиете едно туфкање и копање низ сите дупки во колата додека да најдат каде ги чуваат сметкопотврдите.

Во принцип, ова се главните моменти од такси задоволството на кои успеав да се сетам. Уште еднаш, секоја чест на оние таксисти кои го прават возењето задоволство – ќе ве прашаат дали ви се допаѓа музиката, дали сакате греење/ладење, дали ви пречат отворените прозори,  по кој пат сакате да ве одвезат ако има повеќе варијанти, ќе ви се заблагодарат и ќе ви посакаат убав ден...

И да, навистина сметам дека треба да постојат унифицирани таксисти и строг процес на селекција пред да се вработуваат возачите.

Ако имате ваше искуство со таксистите во Скопје, споделете го со нас во коментарите.

Е.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
Бизарниот случај на Шери Папини: Лажела дека е киднапирана за да биде со љубовникот, ја барале 3 сед... Случајот на Шери Папини е можеби најбизарната приказна со киднапирање, и тоа од ...
Психологијата открива: Знаци кои покажуваат дека некоја личност мисли на вас Ако некоја личност честопати ја среќавате во вашите соништа, тогаш голема е веро...
Детали од секојдневието во Јужна Кореја што нам ни изгледаат чудно Знаевте ли дека во Јужна Кореја подочниците се знак за убавина и жените неретко ...
Говор на телото кај новороденчињата: Како да препознаете кога е гладно или болно? Со внимателно набљудување на бебешките движења и погледи, ќе разберете што ви по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg