6 производи за кои мислиме дека се евтини, а всушност трошиме богатство на нив

Жилети за една употреба, хартиени салфетки, пластични садови за чување храна - некои производи делува дека се евтини, но на долг рок на нив трошиме вистинско богатство. Кои се тие? 

6-proizvodi-za-koi-mislime-deka-se-evtini-a-vsushnost-troshime-bogatstvo-na-niv-01.jpg

Иако ги користиме секојдневно и нè чинат многу малку кога ги купуваме, постојат производи за кои трошиме вистинско богатство низ годините.

За среќа, за голем дел од нив постои малку поскапа замена, но производи кои се многу потрајни, па нема постојано да ви го „цицаат“ буџетот.

Знаете ли на кои производи трошите вистинско богатство низ годините?

Пластични садови за чување храна

Пластичните садови за чување храна, иако се популарни, не се многу економични.

Тие по некое време мора да се фрлат бидејќи пластиката често знае да поприми мирис од храната што се чува внатре.

Тие лесно пукаат и се кршат, а и капаците понекогаш ја менуваат формата, па садовите не се затворат.

Затоа, многу попрактична варијанта се стаклените садови кои се поцврсти, го задржуваат квалитетот и свежината на храната подолго, а и не примаат мириси како пластичните садови.

6-proizvodi-za-koi-mislime-deka-se-evtini-a-vsushnost-troshime-bogatstvo-na-niv-02.jpg

Хартиени салфетки

Иако се евтини и практични за користење, купувањето хартиени салфетки на долг рок може да ве чини вистинско богатство.

Токму затоа можете да користите платнени салфетки.

Тие можат да се користат повеќе пати, а истовремено делуваат пораскошно и убаво го дополнуваат визуелниот стил на вашата кујна или масата на која сте сервирале за гости.

6-proizvodi-za-koi-mislime-deka-se-evtini-a-vsushnost-troshime-bogatstvo-na-niv-06.jpg

Средства за чистење во големи количини

Кога ќе видите некој производ на попуст, дури и да не ви треба, го купувате поради цената.

Па, така, често не можете да им одолеете на средствата за чистење со различни мириси, во слични пакувања, кои одат на промоција 1+1 или со голем попуст.

Овие средства не се трошат брзо, а тоа што ги чувате на залиха само го троши вашиот семеен буџет.

Но, она што многумина не знаат е дека овие производи имаат рок на траење и дека се најефикасни само една година, а потоа нивната ефективност се намалува.  

6-proizvodi-za-koi-mislime-deka-se-evtini-a-vsushnost-troshime-bogatstvo-na-niv-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
Ситници во домот заради кои делувате како старомодна личност Далечински управувач во фолија, поткршени садови, старински прекривки... Заради ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Морничаво: Лекари и медицински сестри кои свирепо ги убивале нивните пациенти Ричард Анџело можеби немал да ги убива своите пациенти, но намерно им предизвику...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg