Зошто „Reels“ на Инстаграм ни создаваат зависност (и кои се последиците)?

Кратките видеа предизвикуваат ослободување допамин кој ни го подобрува расположението, па затоа тешко е да се прекине со „скролањето“. Но, дали овој вид забава доаѓа со последици?

zoshto-kratkite-videa-reels-ni-sozdavaat-psiholoshka-zavisnost-i-koi-se-nesakanite-efekti-od-toa-01.jpg

Во оваа модерна ера на технологија и иновации, социјалните мрежи станаа речиси неизбежни. Сè повеќе луѓе го споделуваат нивниот живот на овие платформи, при што нивната популарност е на високо ниво.

Покрај тоа што почнавме со споделување на статуси и фотографии, денес едно од најпопуларните нешта на социјалните мрежи се кратките видеа (Reels) кои се премногу „заразни“ и нè тераат одново и одново да „скроламе“.

zoshto-kratkite-videa-reels-ni-sozdavaat-psiholoshka-zavisnost-i-koi-se-nesakanite-efekti-od-toa-02.jpg

Зошто кратките видеа се толку популарни и какво е нивното влијание врз нашата психа?

Кратките видеа наречени Reels станаа популарни низ целиот свет. Покрај тоа што нудат забава, она што е загрижувачко е што сè повеќе корисници стануваат зависни од ефектите кои ги нудат, а тоа резултира со намалена концентрација, губење драгоцено време, а и окупирање на сите, од најмали, до тинејџери, па и возрасни.

Постои биолошка врска помеѓу користењето на социјалните мрежи и задоволството и среќата кои ни ги пружат. Всушност, кратките видеа предизвикуваат ослободување допамин кој ни го подобрува расположението, па затоа тешко е да се прекине со „скролањето“.

Исто така, кратките видеа неретко содржат содржина која моментално е „ин“, па корисниците сакаат да бидат во тек со тоа што моментално прават инфлуенсерите или другите корисници.

Тука се појавува и стравот од пропуштање нешто интересно (Fear of missing Out, познат и како FOMO синдром), па се останува постојано присутен на интернет и социјалните мрежи.

zoshto-kratkite-videa-reels-ni-sozdavaat-psiholoshka-zavisnost-i-koi-se-nesakanite-efekti-od-toa-03.jpg

Уште една работа која создава зависност е тоа што на некои луѓе им треба некакво признание. Што значи тоа? Социјалните мрежи нудат опција за лајкови, коментари и споделувања.

Така, корисникот троши огромно време на создавање кратки видеа, при што очекува другите да го направат популарен и да му „дадат поголемо значење“ со тоа што ќе ги споделуваат видеата, ќе коментираат и слично.

Всушност, лајковите и позитивните коментари може да направат луѓето да се чувствуваат повеќе ценети, зголемувајќи им ја самодовербата.

Спротивно на тоа, негативните коментари или недоволниот број допаѓања може да му наштетат на менталното здравје, секако, ако се стане премногу зависен од социјалните мрежи и потребата од туѓо признание.

Друго нешто што ги прави кратките видеа толку заразни е тоа што тие барем на момент прават да избегаме од реалноста и да се впуштиме во забавата.

Денес повеќето живеат динамично и стресно. Постојаното брзање и трчање кон одредени цели ги прави луѓето уморни, а социјалните мрежи функционираат како одличен избор за одвлекување на вниманието, па сакајќи да избегаат од реалноста, луѓето трошат часови и часови пред својот телефон, таблет, компјутер...

Она на што исто така треба да обрнете внимание се негативните содржини. Во денешно време социјалните мрежи станаа лесен простор за ширење говор на омраза, негативност и дезинформации кои можат да влијаат неповолно на менталното здравје, а некои личности кои се почувствителни може да почувствуваат дури и симптоми на анксиозност и депресија.

zoshto-kratkite-videa-reels-ni-sozdavaat-psiholoshka-zavisnost-i-koi-se-nesakanite-efekti-od-toa-04.jpg

Како да се справите со зависноста од гледање кратки видеа?

За да не трошите премногу време пред телефонот, бесконечно „скролајќи“ низ кратките видеа, обидете се да си го ограничите времето поминато пред екран. На пример, поставете си временска рамка во која ќе ви биде дозволено користење на телефонот и строго држете се до тоа. Со текот на времето ќе се навикнете и ќе имате повеќе време на располагање за некои покреативни активности.

Уште еден начин кој може да ви помогне да се справите со оваа „модерна зависност“ е да бидете повеќе физички активни. Трчајте, возете велосипед, пешачете, но поминувајте време и со семејството и пријателите.

Ова е одличен начин за да си направите една „дигитална детоксикација“.

И за крај, секогаш можете да побарате поддршка и помош од семејството и вашите блиски. Ако, пак, сметате дека која било форма на социјалните мрежи ви предизвикува нарушување во секојдневието, имајте на ум дека секогаш е корисно да консултирате и стручно лице.

zoshto-kratkite-videa-reels-ni-sozdavaat-psiholoshka-zavisnost-i-koi-se-nesakanite-efekti-od-toa-05.jpg

Совети за родителите на деца кои користат социјални мрежи и гледаат кратки видеа

Несомнено е дека денес повеќето деца користат социјални мрежи. Иако правилата бараат да имате 13 или повеќе години, многу родители при креирањето на профили лажат за годината на раѓање, па децата ги користат овие платформи уште од помала возраст.

Ако и вие се пронајдовте во оваа група на родители, тогаш обидете се да имате контрола над профилот на вашето дете. Кога станува конкретно збор за кратките видеа, не оставајте ги да гледаат без ваш надзор, затоа што може да дојдат во контакт со содржина која ќе има штетно влијание врз нивниот понатамошен развој.

zoshto-kratkite-videa-reels-ni-sozdavaat-psiholoshka-zavisnost-i-koi-se-nesakanite-efekti-od-toa-07.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg