Домот во знак на празниците

domot-vo-znak-na-praznicite-povekjeДоколку сè уште немате осмислен план за украсување на својот дом, тргнете од едноставните детали и полека вашиот простор ќе блесне во полн сјај.



Определете се, за почеток, за секогаш модерната и актуелна – црвена боја. Делува атрактивно и предизвикувачки, пред сè свечено и гламурозно.

domot-vo-znak-na-praznicite

Декорација со салфети
Новогодишната трпеза е нешто што преставува вистинско доживување во секој дом. Со црвени салфети, сигурно ќе бидете ин. Можете да користите платнени или хартиени, поставени и осмислени на оригинален начин. Направете софистициран цвет во чинијата со малку фантазија и пракса. Или, доколку повеќе сакате едноставни облици, провлечете ги салфетите низ украсен прстен и ќе добиете убав аранжман. Со сето тоа користете бели чинии и чаршафи, по некоја црвена свеќа и вашата маса ќе делува елегантно. Доволни се само црвената и белата боја и се разбира вашата насмевка.

Висечки аранжмани
Убаво е да си играте со детали и да ги внесувате во амбиентот. Просторот ќе делува секогаш поинаку и симпатично. Украсното венче од борови гранчиља со бели свеќи и црвени панделки одлично ќе се вклопи во секој простор. Можете да го закачите на таванот и ќе делува многу декоративно. Доколку сакате да внесете и други нијанси во својот дом, тогаш ви предлагаме комбинација од бели свеќи со лила сјајни траки за закачување. Поставете ги на бела позадина или во близина на елката и ќе бидете оригинални.

Златна елка
Дали сте знаеле дека можете и самите да направите елка? Доколку имате малку воља и енергија, од сјајна златна хартија, ќе го украсите вашиот дом на единствен и оригинален начин. Изведете ја во облик на купола и поставете ја на готов постамент, или пак само фиксирајте за подот. Сигурно дека таков декор нема секој,  а преубаво ќе изгледа и без ламиони. Одлично ќе се вклопи со црвените деатли во домот. Но, немојте тука да застанете, прозорците украсете ги со црвени хартиени или палстични ѕвезди.

Камин
Доколку имате камин и уживате во разгорениот оган, тогаш вистинското задоволство ќе биде во неговата близина. Елките најчесто се поставуваат баш покрај каминот, затоа што сјајните лампиони преубаво треперат покрај искрите на пламенот. Горниот дел на каминот богато украсете го со зелен декор, сјални лампиони и задолжително – сијалички што трепкаат. Тие дополнително ќе внесат живост во вашиот амбиент. На елката додајте по некој висечки детал со ѕвончиња и весело поминете си за Нова година.

Би можело да ве интересира:

Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
Чудното исчезнување на актерот од Beethoven: Му го нашле автомобилот на раскрсница, 2 децении го нем... Џо Пичлер, најпознат по улогата во две продолженија на филмот Beethoven, се прос...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Најубавиот маж во САД се ожени со најљубоморната жена на планетата - Му го направи животот пекол, тр... Љубовната приказна на Џон Ф. Кенеди помладиот и неговата сопруга Керолин Бесет м...
6 уникатни имиња за девојчиња, инспирирани од боите Безвременски, уникатни и инспирирани од боите со кои е опкружен светот околу нас...
Илустрации кои покажуваат колку се променија модните трендови (некои биле лудост, други се вратија) Се сеќавате на времето кога сите имавме исти веѓи, сплескани, испеглани коси, но...

Најчитани неделава