Чудното исчезнување на актерот од Beethoven: Му го нашле автомобилот на раскрсница, 2 децении го нема

Џо Пичлер, најпознат по улогата во две продолженија на филмот Beethoven, се прослави уште во детството, но направи пауза од кариерата за да заврши средно. Во периодот кога планирал да се враќа во Холивуд, на 18-годишна возраст, Џо исчезнал и до денес, две децении подоцна никој не знае што му се случило.

chudnoto-ischeznuvanje-na-mladiot-akter-od-filmot-beethoven-mu-go-nashle-avtomobilot-na-raskrsnica01_copy.jpg

Иако неговата кариера траеше кратко, актерот Џо Пичлер глумеше рамо до рамо со некои од најголемите холивудски ѕвезди и се појави во низа популарни филмови уште во детството.

Најпознат е по улогата во третото и четвртото продолжение од филмскиот серијал Beethoven, а најмногу „му лежеа“ семејни комедии.

Но, на 18-годишна возраст, Џо Пичлер исчезна и до денес, две децении подоцна, никој не знае што му се случило.

chudnoto-ischeznuvanje-na-mladiot-akter-od-filmot-beethoven-mu-go-nashle-avtomobilot-na-raskrsnica-05.JPG

Детали за животот и мистериозното исчезнување на Џо Пичлер:

Роден во семејство со пет деца, уште во детството Џо Пичлер се преселил во Лос Анџелес за да стане актер.

Успеа да се пробие во 1996 година, со улогата во трилерот The Fan каде што глумеше со холивудските легенди Роберт де Ниро и Весли Снајпс.

Потоа доби улоги во неколку популарни серии и филмови, како Varsity Blues и серијалот Beethoven.

chudnoto-ischeznuvanje-na-mladiot-akter-od-filmot-beethoven-mu-go-nashle-avtomobilot-na-raskrsnica-06.JPG

На врвот на популарноста, неговите родители го убедиле да направи пауза од актерската кариера за да не си го жртвува образованието.

Па, во 2003 година, Џо се вратил во родниот град Бремертон за да заврши средно.

Во меѓувреме, се вработил и во телефонска компанија.

Благодарение на неколкуте години во Холивуд, Џо имал солидна заштеда која му станала достапна откако наполнил 18 години.

chudnoto-ischeznuvanje-na-mladiot-akter-od-filmot-beethoven-mu-go-nashle-avtomobilot-na-raskrsnica-7.JPG

Тој период се иселил од семејниот дом, но сепак редовно ги посетувал родителите и роднините.

Се шпекулира дека во средношколските години користел дрога и алкохол, но сепак бил далеку од непримерно дете.

Тој носел и протези, а планирал откако ќе ги извади да се врати во Холивуд и да продолжи со кариерата.

Генерално, Џо бил амбициозно дете за кое сите верувале дека го очекува блескава иднина.

chudnoto-ischeznuvanje-na-mladiot-akter-od-filmot-beethoven-mu-go-nashle-avtomobilot-na-raskrsnica-11.JPG

Вечерта на 4-ти јануари 2006 година Џо ја поминал со неколку пријатели според кои бил во добро расположение. Истото го потврдиле и неговите родители.

Но, во раните утрински часови следниот ден, Џо му се јавил на пријател кој вели дека младиот актер звучел тажно и вознемирено.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава