Чудното исчезнување на актерот од Beethoven: Му го нашле автомобилот на раскрсница, 2 децении го нема
Повикот се случил околу 4 часот наутро, а Џо му рекол дека повторно ќе го бара за еден час. Но, ова бил последен пат некој да разговара со Џо.
Четири дена од Џон немало ни трага ни глас, сè додека неговиот автомобил не бил најден на раскрсница.
Џо не бил во автомобилот, но внатре полицајците го пронашле неговиот телефон како и порака напишана од актерот
Во пораката, актерот напишал дека посакувал да биде „посилен брат“ и побарал некои од предметите што ги поседувал да им бидат дадени на неговите помлади браќа и сестри.
Поради начинот на којшто била напишана пораката, детективите помислиле дека актерот можеби извршил самоубиство, скокајќи од карпа во близина на автопатот.
Но, не успеале да најдат никаков доказ за ова – ниту со кучиња трагачи не нашле траги од Џо.
Неговото семејство, од друга страна, не верувало дека пораката навестува самоубиство.
„Џо ја остави пораката кажувајќи дека сака да почне одново“, има изјавено неговиот брат.
Главниот детектив кој работел на случајот изјавил дека иако има индикации за самоубиство, сепак не се потполно сигурни и мораат да ги разгледаат сите можни опции, вклучувајќи и киднапирање, убиство или само несреќа.
Додека траела истрагата, детективите сфатиле дека не можат да ги најдат паричникот и автомобилските клучеви на Џо.
Исто така, неговиот стан бил отклучен, а светилките биле запалени – нешто што неговото семејство вели дека не било карактеристично за него.
До денес случајот нема мрднато од „мртва точка“, додека мајката на Џо, Кети Пичлер, ги обвинува надлежните дека направиле пропусти во истрагата.
Според неа, тие не зеле отпечатоци од автомобилот на Џо, а наместо добро да го пребараат неговиот стан, излегле по само неколку минути.
Исто така, таа верува дека Џо е или киднапиран или убиен.
За жал, и 20 години подоцна, семејството на Џо Пичлер нема добиено одговори.
Како и за секој ваков случај, онлајн има низа теории на заговор, но поголемиот дел од јавноста верува дека станува збор за самоубиство.
Сепак, доколку се во право, чудно е што досега неговото тело не било најдено.
Спирова С. | Црнобело