Имал депресија поради славата од рана возраст, повторно сака да глуми: Што прави денес детето од Stuart Little?
- Детали
- недела, 18 мај 2025
Актерот што го глуми слаткото детенце во Stuart Little денес има 35 години и вели дека по долгата пауза, повторно сака да се врати во Холивуд. Иако, признава, дека не е така лесно и дека морал да оди и на часови по глума.
Во 1999-тите и раните 2000-ти, актерот Џонатан Липники беше една од најголемите холивудски ѕвезди, иако немаше ни десет години.
Актерот се прослави со улогата во филмот Stuart Little, каде го глуми слаткото детенце во семејството што посвојува глушец кој зборува.
Тој се има појавено и во филмот Jerry Maguire од 1996 година, каде што глуми рамо до рамо со Том Круз.
Иако талентот на Џонатан беше повеќе од очигледен и сите му предвидуваа блескава кариера, тој како да исчезна од Холивуд.
Но, сега најави дека планира да направи камбек.
Што се случи со слаткото детенце и каде е денес?
Џонатан е роден во 1990-та, а првата голема улога, во филмот со Том Круз, ја доби на само 6-годишна возраст.
Сними неколку филмови, од кои најпознат е Stuart Little, а се појави и во неколку серии.
Џонатан одлучи да ја паузира кариерата за да се фокусира на средното училиште, но има откриено дека тој период се соочувал со малтретирање.
„Ме исмејуваа луѓе кои сега ми праќаат покани за пријателство на Фејсбук. Ми велеа дека ми поминала славата и дека никогаш нема да најдам ангажман како актер.
Поради ваквите коментари, секој ден на училиште се чувствував ужасно. Секоја вечер имав панични напади бидејќи не знаев како ќе го преживеам следниот ден.
Ме нарекуваа ѕвезда со помината слава и ме посрамотуваа“.
Поради целиот овој притисок, да ги повтори успехот и славата од детството, Џонатан вели дека страдал и од анксиозност и депресија.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





