Имал депресија поради славата од рана возраст, повторно сака да глуми: Што прави денес детето од Stuart Little?
Во меѓувреме, Џонатан почна да се занимава со боречки вештини, а неодамна во интервју за магазинот People откри дека поскапува да ѝ се врати на актерската кариера. Но, дека не е така лесно.
„Кога бев помлад ми се случија низа убави работи. Но, сега можам да кажам дека кога е во прашање кариерата, ги немам исполнето моите цели.
Глумата е нешто што сакам да го правам целиот живот и знам дека морам да верувам дека ќе успеам, па правам сè во моја моќ за да се придвижам во вистинската насока“.
Џонатан решил да се фокусира на глумата откако завршил средно, па почнал да оди на часови по глума.
Вели дека часовите се најдобрата одлука што ја донел бидејќи му помогнале да добие улоги во помали, независни филмови, како и неколку театарски претстави во Лос Анџелес.
„Како возрасен актер, имав неколку навистина добри улоги, но за кои знам дека никој не ги видел.
Од друга страна, имав и лоши проекти кои ме научија дека треба внимателно треба избирам на што ќе работам. Искрено, изминатава година одбив околу пет понуди за филм“.
Актерот вели дека е подготвен да се бори за своето место во Холивуд и да си ја врати старата популарност.
„Секоја ноќ се молам да го направам виситнскиот избор и верувам дека за мене, доброто допрва доаѓа. И, мислам дека само треба да верувам во тоа. Ако сакам да бидам актер, треба да сонувам големо“.
На почетокот од 2025-та, актерот даде друго интервју, каде исто така зборуваше за своите планови, но и одлуката да ја паузира кариерата во средно.
„Искрено, само сакав да одам на училиште. Не дека целосно се откажав од кариерата – уште имав агент и понекогаш одев на аудиции. А, одев на аудиции за многу проекти, но не бев ангажиран.
Глумата е нешто што отсекогаш сум го сакал, но понекогаш моите желби не ме сакаат мене. И, навистина имаше подолг период кога немав никаков ангажман“.
Тој истакнува и дека долгата пауза малку лошо се одразила на неговиот талент.
„Сега живеам во сегашноста и пробам да се фокусирам на тоа што сакам да правам во иднина. Но, сум многу благодарен за моето минато.
Извесен период не бев многу добар во глумење и требаше да земам часови… Сакам да работам на себе“.
Што се однесува до боречките вештини, тој вели дека ги изучува благодарение на татко му, но дека не планира да се занимава со тоа професионално.
„Моето семејство поседува компанија за промовирање натпревари во боречки вештини, па ова ни е како фамилијарен интерес“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





