Стари верувања дека некој „фрлил клетва“ на вашата куќа: Лоша среќа, наоѓање чудни предмети

Чудно однесување на животни и миленици

Се верува дека животните имаат вродена чувствителност на негативна енергија.

Ако имате куче, тоа ќе почне да завива без причина.

Исто така може да се случи животното да се „скамени“ или постојано да гледа во една точка.

Мачката, пак, се верува дека може да почне да мјаука како да ѝ е сезона на парење доколку домот е проколнат.

ve-sledi-losha-srekja-i-naogjate-chudni-predmeti-znaci-koi-ukazuvaat-deka-vrz-vashata-kukja-e-frleno-prokletstvo-06.jpg

Друго интересно верување е поврзано со однесувањето на птиците. Односно, доколку во вашиот дом има проклетство, птиците од улицата ќе се обидувале да влезат во неа - да тропаат или да се удираат по прозорците.

Ако веќе имате птици во куќата, според верувањата, тие ќе се однесуваат чудно. Ќе биде тешко да ги смирите.

ve-sledi-losha-srekja-i-naogjate-chudni-predmeti-znaci-koi-ukazuvaat-deka-vrz-vashata-kukja-e-frleno-prokletstvo-07.jpg

Крст или амајлија

Доколку на верските предмети во домот се појават црни дамки, без оглед на материјалот од кој се изработени, луѓето веруваат дека некој се обидува да им наштети.

Иконите сами ќе почнат да паѓаат. На лицата на светците ќе се појави некаква нечистотија или дамки.

ve-sledi-losha-srekja-i-naogjate-chudni-predmeti-znaci-koi-ukazuvaat-deka-vrz-vashata-kukja-e-frleno-prokletstvo-08.jpg

Вода

Ако имате куќа со бунар, постои верување дека водата во него веројатно ќе се исуши или ќе се загади.

Водата која ќе ја купите брзо ќе се заматува и ќе има непријатен мирис и горчлив вкус. 

ve-sledi-losha-srekja-i-naogjate-chudni-predmeti-znaci-koi-ukazuvaat-deka-vrz-vashata-kukja-e-frleno-prokletstvo-09.jpg

Спиење

Според верувањата, ако сте жртва на некаква клетва, ќе почнете да имате кошмари, и тоа секој ден, и тие ќе бидат предвесници дека нешто лошо ќе се случи. 

Анксиозност

Се верува дека проколнатата личност ќе носи со себе чувство на вознемиреност и непријатност и ќе ѝ биде тешко да се ослободи од мислата дека ќе се случи нешто лошо.

ve-sledi-losha-srekja-i-naogjate-chudni-predmeti-znaci-koi-ukazuvaat-deka-vrz-vashata-kukja-e-frleno-prokletstvo-10.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com, pexels.com



Би можело да ве интересира:

Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава