Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени?

Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборавате на себе поради прекумерната грижа за другите.

elen-sokol-koe-e-vasheto-duhovno-zhivotno-spored-nedelata-vo-koja-ste-rodeni-01.jpg

Неделата од месецот во која сте родени покажува кое е вашето духовно животно.

Духовно животно на родените во првата недела од месецот, меѓу 1-ви и 8-ми, е моќна мечка.

На родените во втората недела (меѓу 9-ти и 15-ти) духовно животно им е коњ.

Родените во третата недела (од 16-ти до 22-ри) од месецот го имаат соколот за духовно животно, а сите што се родени во последната недела во месецот (меѓу 23-ти и 29-ти) се поврзуваат со знакот на елен.

Датумите 30 и 31 се поврзуваат со првата недела во месецот, односно со моќната мечка.

elen-sokol-koe-e-vasheto-duhovno-zhivotno-spored-nedelata-vo-koja-ste-rodeni-02.jpg

Што открива вашето духовно животно за вас?

Прва недела, плус 30-ти и 31-ви - Моќна мечка

Вашето духовно животно е моќната мечка. Ова животно кажува многу за вашата најдлабока суштина – вие сте силни, паметни, дарежливи кон оние што ги сакате, внимателни и многу пресметливи.

Кога сте лути, ја покажувате најнегативната особина на вашиот карактер. Но, оваа особина често „работи“ да ги заштити вашите интереси.

Научете да ѝ верувате на вашата интуиција. Користете ја вашата енергија во своја полза.

Бидете храбри во совладувањето на нешто ново и не плашете се од непознатото - тоа е тајната за да имате светла иднина.

Втора недела - Коњ

Ова духовно благородно животно ја симболизира слободата, уживањето во животот и способноста да се биде слободен.

Имате способност да се соочите со предизвиците и да се издигнете над ситуацијата.

Кога сакате да ја постигнете својата цел, ништо не може да ве спречи и вие нема да застанете ниту пред најтешките препреки.

Барајте баланс и компромис помеѓу слободата и обврските.

Научете да ја балансирате вашата енергија.

elen-sokol-koe-e-vasheto-duhovno-zhivotno-spored-nedelata-vo-koja-ste-rodeni-03.jpg

Трета недела - Сокол

Вие сте спонтани, независни и имате силни лидерски квалитети.

Можете да ја согледате целата слика, а во исто време да ги разгледате и најмалите детали во целиот контекст.

Ви одговара да работите во тим, но претпочитате личен раст и независен развој.

Луѓето тешко ја добиваат вашата доверба. Вашата спонтаност често се претвора во импулсивност.

Треба да се потрудите да ја развиете интуиција - тоа е она што ќе ви помогне во најтешките ситуации.

Во иднина ве очекува голем успех, но не го занемарувајте приватниот живот, бидејќи без тоа среќата нема да биде целосна.

Четврта недела - Елен

Вие сте паметна личност со извонреден карактер.

Имате способност да внесете светлина во вашиот секојдневен живот и рутина.

На луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа.

Често заборавате на себе поради прекумерната грижа за другите.

Бидете внимателни – некогаш имате тенденција да ја потценувате сериозноста на ситуацијата.

Во животот ве очекуваат многу предизвици и разочарувања, но ќе бидете среќни доколку останете верни на својата природа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
22 идеи како да имате совршен неделен ден Одете на бранч со пријателите. Планинарете и уживајте во неверојатните пејзажи.....
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
10 женски и 10 машки предлог имиња за дечиња родени во лето Летото е веројатно еден од најубавите периоди за нови почетоци. Топлото време, д...
Се вљубил во пациентка, по смртта ѝ го украл телото и живеел со него – Морничавата опсесија на лекар... Доктор Карл Танзлер од Германија се вљубил во негова пациентка болна од туберкул...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg