Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи

Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несреќни во бракот. Дали ова тврдење е само мит, или има и вистина во него?

razbivame-mitovi-nevestata-ne-treba-da-nosi-biseri-na-svadbata-zatoa-shto-kje-i-donesat-solzi-01.jpg

Иако бисерите се сметаат за симбол за елеганција и често се едно од омилените парчиња накит, кај нас, а и во многу други држави во светот, постои верување дека невестата не треба да носи бисери.

Зошто? Затоа што бисерите се симбол за солзи, а ако жената ги носи на себе на денот на свадбата, тоа значи дека бракот ќе ѝ помине во солзи и несреќа.

Некои одат уште подалеку, па тврдат дека бројот на бисери на ѓерданот го симболизира бројот на несреќните години во бракот.

razbivame-mitovi-nevestata-ne-treba-da-nosi-biseri-na-svadbata-zatoa-shto-kje-i-donesat-solzi-02.jpg

Најчесто се смета дека белите бисери треба да се избегнуваат затоа што носат солзи, а темните бисери, пак, се симбол за мрачните и темни години поминати во бракот.

Исто така, постои верување дека бисерите не треба да се даваат како подарок, затоа што на тој начин повикувате несреќа во животот на личноста на која ѝ ги подарувате.

Дали ова е вистина, или само мит?

Како што рековме претходно, станува збор за суеверие, па вашиот избор на накит, пред сѐ, ќе зависи од тоа колку сте суеверни.

razbivame-mitovi-nevestata-ne-treba-da-nosi-biseri-na-svadbata-zatoa-shto-kje-i-donesat-solzi-03.jpg

Логичното објаснување зад ова суеверие е дека тоа почнало да се шири како приказна за да ги обесхрабри девојките да бараат ваков накит за свадбата.

Треба да се земе предвид дека бисерите во минатото биле многу скапи, тешко се наоѓале, а често можело да се случи бисерниот ѓердан да се скине за време на свадбата, па невестата и блиските да почнат да „леат“ солзи заради скинатиот накит и загубените бисери (кои биле многу скапи).

razbivame-mitovi-nevestata-ne-treba-da-nosi-biseri-na-svadbata-zatoa-shto-kje-i-donesat-solzi-04.jpg

Во минатото, бисерите биле симбол на престиж, дамите ги носеле многу ретко, а најчесто ги чувале само за посебни пригоди во нивните кутии за накит.

Така што, пред да почнете да верувате во суеверија, бидете сигурни дека сте го нашле вистинскиот партнер за вас, па тоа дали носите или не носите бисери на свадбата, воопшто нема да биде важно.

razbivame-mitovi-nevestata-ne-treba-da-nosi-biseri-na-svadbata-zatoa-shto-kje-i-donesat-solzi-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg