Животот пред 30 години и денес: Како изгледа генерацискиот јаз (низ забавни илустрации)
Порано родителите само на родителски средби дознаваа за однесувањето на своите деца - денес некои родители секојдневно добиваат пораки од професорите на Вибер. Низ забавни илустрации погледнете колку се смени животот во последниве 3 децении...

Разликата помеѓу различните генерации денес е поочигледна од кога било порано. Во време на брз живот, модерна технологија, достапност и неограничени можности, работите кои пред 30 години делуваа чудно и невозможно, денес се секојдневие.
И додека некои луѓе жалат по она што било и со носталгија се сеќаваат не некои минати времиња, други жалат што работите во нивно време не биле како што се денес.
Генерацискиот јаз постои и е голем...
Низ 10 илустрации, погледнете ги разликите меѓу животот некогаш и сега:
Пред 30 години, изборот на производи за новороденчиња беше мал, а пелените и количките беа преевтини. Денес некои колички чинат многу повеќе од една месечна плата.

На денешните мајки им е полесно: машни за перење и сушење облека, готови кашички, монитори за бебиња, правосмукалки-роботи кои чистат сами...

Порано децата си играа на улица, а денес се забавуваат пред телевизор, компјутер или мобилен телефон.

Порано децата остануваа на гости на село кај бабите и дедовците по цело лето, денес поминуваат повеќе време со родителите.

Се смени и дефиницијата за тоа што е „кул“. Порано младите се гордееја со количина на собран отпад од природата, денес се гордеат со бројот на собрани лајкови на социјалните мрежи.

