„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме

По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната девојка да стане богата, па да нема пречки да се омажи за саканиот... Кои беа најголемите клишеа во латиноамериканските ТВ сапуници кои со месеци нѐ држеа „залепени“ пред ТВ екраните?

svekrvite-sekogash-se-loshi-klishea-od-latinoamerikanskite-sapunici-so-koi-izrasnavme-01.jpg

Колку од вас се сеќаваат на латиноамериканските ТВ сапуници со кои израснавме? Иако речиси сите имаа слична приказна, сепак не „се одлепувавме“ од малите екрани и ги голтавме приказните, кои најчесто се повторуваа.

Направени по сличен терк, речиси сите приказни се базираа врз стереотипи и клишеа. „Касандра“, „Есмералда“, „Руби“, „За твојата љубов“... ова се само некои од хит сериите што се емитуваа на македонските телевизии, а од денешна перспектива ви се чини дека ако сте изгледале една, тогаш сте ги виделе сите.

Да се присетиме на некои од клучните клишеа од латиноамериканските сапуници, со кои израснавме:

Секогаш главна тема се разликите во различните општествени слоеви, па затоа:

Некоја убава, но сиромашна девојка (која е во главната улога) почнува ново поглавје во нејзиниот живот, па сретнува и веднаш се вљубува во некое згодно богато момче (кое е во главна улога).

На почетокот главните ликови не сакаат да започнат врска, затоа што знаат дека нивната љубов е невозможна заради тоа што доаѓаат од различни слоеви во општеството.

svekrvite-sekogash-se-loshi-klishea-od-latinoamerikanskite-sapunici-so-koi-izrasnavme-02.jpg

Љубовни триаголници

Речиси секогаш има по уште едно богато момче кое се вљубува во сиромашната девојка, па тоа прави сѐ, и не бира средства и начин за да ја добие девојката, но и да ја попречи љубовната приказна со другиот главен лик.

Но, не е само богатото момче. Најчесто има и по некоја друга сиромашна и скромна девојка, или слугинка која е потајно вљубена во главниот машки лик. Па и таа од друга страна прави сѐ за да ѝ наштети на хероината во приказната.

svekrvite-sekogash-se-loshi-klishea-od-latinoamerikanskite-sapunici-so-koi-izrasnavme-06.jpg

Во 200 епизоди чекате да се разоткрие некоја голема семејна тајна

„Јас сум твојата вистинска мајка...“

Речиси секогаш, од самиот почеток како гледачи ја дознававме големата тајна што некој од главните ликови ја крие и чекавме по 200 епизоди за да се разоткрие.

Сценариото ве држи како „на јадица“ и таман ќе помислите дека нешто ќе се случи и тајната ќе се дознае, пак почнува нов заплет и сѐ така од пролет до зима...

svekrvite-sekogash-se-loshi-klishea-od-latinoamerikanskite-sapunici-so-koi-izrasnavme-03.jpg

Сиромашната девојка секогаш станува богата на крај

Често се случува семејната тајна да е поврзана со идентитетот на девојката која ја има главната улога, па наместо сиромашна селанка, на крај да се дознае дека е богата наследничка...

И, ете, веќе нема пречки за љубовта да се оствари.

svekrvite-sekogash-se-loshi-klishea-od-latinoamerikanskite-sapunici-so-koi-izrasnavme-07.jpg

Секогаш свекрвите и слугинките се злобни

Свекрвите или мајките на главниот јунак речиси секогаш се надмени, богати жени кои се згрозени од помислата нивниот син да биде во врска со сиромашна девојка, па најчесто тие се и главните противници на љубовната приказна, потпомогнати од љубоморните слугинки, што ги спомнавме претходно.

svekrvite-sekogash-se-loshi-klishea-od-latinoamerikanskite-sapunici-so-koi-izrasnavme-16.jpg

Секогаш некој е тешко повреден или умира

Најчесто ваквите несреќи се последици на битките во љубовните триаголници, а многу често се случува да настрада некој близок до главните ликови (од замките што им биле поставени ним).

svekrvite-sekogash-se-loshi-klishea-od-latinoamerikanskite-sapunici-so-koi-izrasnavme-04.jpg

Сѐ се решава во последните 5 минути од последната епизода

Откако ќе поминат низа перипетии и заплети главните јунаци, на крај остануваат заедно.

Секако, сите околу нив аплаудираат, а нам ни останува само да здивнеме, затоа што сме завршиле уште една маратонска серија.

svekrvite-sekogash-se-loshi-klishea-od-latinoamerikanskite-sapunici-so-koi-izrasnavme-10_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најморничавата зграда во Њујорк - Џон Ленон бил убиен пред влезот, опседната е од дух на расплакана ... Велат дека во зградата Дакота во Њујорк живеат многу духови, меѓу кои духот на д...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
Носи само жолта облека - Кој е „жолтиот човек“ од Сирија и зошто веќе 40 години е опседнат со оваа б... На раздвижените улици во Алепо, Сирија, постои личност која ја буди љубопитноста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg