Како започна CoComelon, телевизиската серија со заразна музика што ја знае секое дете?

Заразна мелодија, зборови кои ги знае секое дете и препознатливата лубеница на телевизорот... Се знае, почнува CoComelon. Како настанала серијата која е хит кај децата од целиот свет?

kako-zapochna-cocomelon-televiziskata-serija-so-zarazna-muzika-koja-ja-znae-sekoe-dete-01.jpg

Заразна рима и зборови кои ги знае секое дете. Лицето на вашето малечко свети зелено од таблетот кој го држи во рацете, а на кој е прикажано момче од цртан филм кое танцува со диносаурусите…

Детето не знае што се диносауруси, или пак што значат стиховите, но толку е воодушевено, што не одговара кога го викате неговото име.

Тоа е CoComelon, најприкажуваната детска забавна програма во светот. Се поставува прашањето дали CoComelon доби уште поголема популарност во пандемијата, која многу од децата ги натера да седат пред екраните, но како и да е, успехот на оваа детска серија им донесе огромен приход на креаторите.

kako-zapochna-cocomelon-televiziskata-serija-so-zarazna-muzika-koja-ja-znae-sekoe-dete-02.jpg

Како започна CoComelon?

CoComelon е создадена во 2005 година од Џеј Џеон, татко на две деца, кој живее во Јужна Калифорнија. Џеон, кој режирал ТВ реклами, се обидувал да ги научи своите деца на азбуката.

Почнал да работи со својата сопруга, авторка на детски книги, за да снима видеа за да ги придружува детските рими што им ги пееле на нивните синови. Тие почнале да ги поставуваат цртаните на Јутјуб уште следната година, на каналот ABC Kid TV.

kako-zapochna-cocomelon-televiziskata-serija-so-zarazna-muzika-koja-ja-znae-sekoe-dete-06.jpg

Со текот на времето, приходите од рекламите на Јутјуб му овозможиле на Џеон да може да ја напушти работата и да се фокусира на шоуто.

Во 2017 година тој дал акцент на две клучни точки: создавање на шоуто околу Џеј Џеј - мало дете со руса виткана коса и менување на форматот од 2Д анимација во 3Д анимација.

За два месеца, месечната гледаност на Јутјуб се зголемила речиси двојно, а до декември 2018 година, CoComelon имал и по 2 милијарди прегледи месечно.

kako-zapochna-cocomelon-televiziskata-serija-so-zarazna-muzika-koja-ja-znae-sekoe-dete-03.jpg

Во јули 2020 година, Џеон ја продаде својата компанија Treasure Studio на Moonbug, која беше основана само две години порано. Moonbug го прошири шоуто на поголема публика, склучувајќи договори со платформи во Јужна Кореја, Кина и Европа.

Секоја епизода од CoComelon е самостојна песна која трае две до три минути, ѕвездата е Џеј Џеј, неговиот постар брат ТомТом и постарата сестра ЈоЈо, нивните мајка и татко, како и пријателите на Џеј Џеј.

Низ песните има многу повторувања и смеење на малите деца. Шоуто е привлечно и затоа што има светли бои и снимено е од ниска перспектива, така што гледачот го гледа светот од детско ниво.

Ликовите се љубезни еден кон друг и нема конфликти.

kako-zapochna-cocomelon-televiziskata-serija-so-zarazna-muzika-koja-ja-znae-sekoe-dete-04.jpg

Темите, пак, се универзални: гледачите гледаат дека детето извршува некои познати задачи, како што е учење на користење нокшир, облекување чевли, а се бори и со познати предизвици, како што е учење да се споделува со другите.

Шоуто става акцент на секој важен момент во животот на малото дете, па се пее песна во врска со тоа.

Создавањето на една епизода од CoComelon трае од 12 до 14 недели, што овозможува шоуто да следи некои актуелни настани. На пример, на почетокот на пандемијата, CoComelon создаде епизода за миење раце, а друг сегмент се фокусираше на одење на лекар.

Откако Moonbug го купи CoComelon, серијата е преведена на 10-тина јазици, а покрај кадифените играчки и облека, родителите може да купат и седишта, книги и многу други работи со овој бренд…

kako-zapochna-cocomelon-televiziskata-serija-so-zarazna-muzika-koja-ja-znae-sekoe-dete-05.jpg

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg