6 фрази со кои нарцисоидните личности глумат жртви, низ илустрации

„Секогаш ме малтретираш“, „Само јас морам да се жртвувам“... Со кои добро научени фрази нарцисите се трудат да се прикажат себеси како жртви и да ви го оттргнат вниманието од нивните грешки?

6-frazi-so-koi-narcisoidnite-lichnosti-glumat-zhrtvi-niz-ilustracii-01.jpg

Расправиите со нарцисоидните личности се тешки затоа што тие често се користат со тактики за манипулација со цел да ја задржат контролата во секоја ситуација и да ја избегнат одговорноста.

За нарцисоидни се сметаат оние личности кои имаат нереално високи сфаќања за сопствената важност. Тие имаат потреба и бараат луѓето постојано да им посветуваат внимание и да им се восхитуваат.

Кога се расправате со нарцисоидна личност треба да очекувате дека тие ќе ви се развикаат, ќе ве навредуваат или ќе се користат со закани.

Често знаат да ја извртат вистината за да одговара на нивните ставови и точки на перцепција, а некогаш може да се случи и целосно да ве избегнуваат и да не сакаат да разговараат со вас.

Така, во одредени ситуации, кога ќе се најдат во незгодна ситуација, нарцисоидните личности знаат да глумат жртви, па со неколку фрази да се обидат да го тргнат вниманието од сопственото однесување.

Погледнете во продолжение некои од најчестите фрази со кои „нарцисите“ ќе се потрудат да ви одглумат жртви:

„Секогаш ме малтретираш“

Со оваа реченица тие се обидуваат да ве натераат да почнете да размислувате за сопствените грешки, за да не забележите што е она што тие го направиле погрешно.

6-frazi-so-koi-narcisoidnite-lichnosti-glumat-zhrtvi-niz-ilustracii-02.jpg

„Никогаш никој не ми рекол ни благодарам. Како да не постојам!“

На овој начин тие се трудат да се прикажат себеси како жртва, која постојано е занемарена од другите и која не го добила признанието што го заслужила, иако има „извонредни“ постигнувања (според нивните сопствени критериуми).

6-frazi-so-koi-narcisoidnite-lichnosti-glumat-zhrtvi-niz-ilustracii-04.jpg

„Сите грешат, па потоа јас треба сѐ да поправам!“

На овој начин сакаат да се прикажат себеси како херои кои имаат обврска да ги поправаат грешките на другите или да покажат дека се жртва на непрофесионалноста или неодговорноста на другите.

6-frazi-so-koi-narcisoidnite-lichnosti-glumat-zhrtvi-niz-ilustracii-03.jpg

„Никој не го цени тоа што постојано се жртвувам“

Со оваа фраза сакаат да се прикажат себеси како жртви кои даваат сѐ од себе, но никој не го забележува тоа што го прават.

Брзо добивате впечаток дека вие сте виновни затоа што сте „неблагодарни“ и оваа е една од омилените фрази на нарцисоидните мајки.

6-frazi-so-koi-narcisoidnite-lichnosti-glumat-zhrtvi-niz-ilustracii-05.jpg

„Што и да направам, никогаш не е доволно!“

Со оваа фраза се обидуваат да предизвикаат сожалување, така што ве уверуваат дека тие се жртви на туѓите (или вашите) нереални и превисоки критериуми.

6-frazi-so-koi-narcisoidnite-lichnosti-glumat-zhrtvi-niz-ilustracii-06_copy.jpg

„Премногу сум чувствителна личност! Затоа сѐ ме повредува...“

На овој начин се обидуваат да ве убедат дека треба да бидете внимателни на нивните чувства и емоции и да не си играте со нив.

6-frazi-so-koi-narcisoidnite-lichnosti-glumat-zhrtvi-niz-ilustracii-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg