Местото со најмногу духови во светот се наоѓа среде Венеција – Што знаеме за островот Повеља?

Островот Повеља се наоѓа на само 10-тина минути од базиликата „Свети Марко“ во Венеција, а е целосно напуштен и забранет за посета. Според легендите, никој не се осмелува да стапне на местото кое е едно од најопседнатите со духови во светот.

velat-deka-e-mestoto-so-najmnogu-duhovi-vo-svetot-a-se-naogja-srede-venecija-shto-znaeme-za-ostrovot-povelja-01.jpg

Италија е земја на голем број историски споменици и градби, која секоја година привлекува милиони туристи, а малкумина знаат дека во лагуната на Венеција се крие еден остров кој ретко кој го посетува, затоа што на интернет е означен како „едно од најпроколнатите места во светот“.

velat-deka-e-mestoto-so-najmnogu-duhovi-vo-svetot-a-se-naogja-srede-venecija-shto-znaeme-za-ostrovot-povelja-02.jpg

Денес островот Повеља (Isola di Poveglia) често се нарекува и „остров на духови“, а иако се наоѓа на само 10-тина минути од базиликата „Свети Марко“, тој е посетен само од оние најхрабрите, кои се занимаваат со паранормални активности.

Тврдења дека на островот има многу духови

Во 2016-та година, пет американски туристи и „ловци на духови“ со водно такси биле пренесени на островот каде сакале да останат цела ноќ за да видат што се случува.

Подоцна биле забележани како од брегот бараат да бидат спасени од брод, но со оглед на тоа што ноќе никој не се приближува до „проколнатиот“ остров, пожарникарите морале да интервенираат за да ги извлечат момчињата кои тврделе дека виделе духови и го слушнале нивниот плач.

Наводно, според приказната на момчињата, тие никаде во светот не виделе толку многу злобни духови, по што легендите за Повеља се проширија низ целиот свет.

velat-deka-e-mestoto-so-najmnogu-duhovi-vo-svetot-a-se-naogja-srede-venecija-shto-znaeme-za-ostrovot-povelja-03.jpg

Историја на островот и како станал „најпроколнатото место“

Се знае дека овој остров бил населен сѐ до 14-иот век и се смета дека таму бил погребан и големиот италијански сликар Џорџоне.

Но, во 15-тиот век островот целосно бил напуштен, па денес на него има неколку разрушени градби и бујна вегетација.

velat-deka-e-mestoto-so-najmnogu-duhovi-vo-svetot-a-se-naogja-srede-venecija-shto-znaeme-za-ostrovot-povelja-04.jpg

Според легендите, се верува дека на него живеат духовите на луѓето кои имале симптоми на чума и биле носени таму во карантин, а по смртта нивните тела биле спалувани во масовни гробници.

Во 1793-та, во Венеција пристигнал брод со 30-тина морнари кои имале симптоми на болеста и веднаш биле пренесени на островот кој веќе бил напуштен.

Од морнарите, 12 лица починале и тие биле закопани на островот.

Во 1799-та година, уште 8 морнари заболени од чума биле закопани на островот.

velat-deka-e-mestoto-so-najmnogu-duhovi-vo-svetot-a-se-naogja-srede-venecija-shto-znaeme-za-ostrovot-povelja-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава