Хотел за развод

hotel-za-razvod-povekjeПодобро среќен развод отколку несреќен брак. Оригиналната идеја на Џим Халфенс ќе помогне во Холандија да се постигне токму тоа - безгрижен развод.


Неговата идеја е да се прескокнат бескрајните расправии околу поделбата на имотот и старателството над децата.

Наместо нервите, парите и времето да се потрошат на долги преговарања преку скапи адвокати, сето тоа ќе се заштеди ако се избере концептот „Хотел за развод“.

hotel-za-razvod

За да бидат одобрени за процесот на забрзан развод сопружниците мора да бидат во пристојни односи, поточно не смее да одбиваат да разговараат.

Откако сопружниците ќе аплицираат за престој во „Хотелот за развод“ добиваат посебни соби и викенд со медијатор и неколку адвокати кои ќе им помогнат да ги завршат сите правни обврски за само еден викенд.

Сложената постапка се решава многу брзо, а идејата ја прифатија многу хотели низ Холандија, па може да се бира меѓу повеќе локации.

Идејата им звучи интересна и на ТВ продуцентите кои размислуваат дали „Хотелот за развод“ на екраните подобро би се пренел како реално шоу или документарна серија.

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Од војник до ѕвезда: Која е трансродовата жена што меѓу првите го променила полот со операција? Во 1950-тите, никој не ни знаел дека постои операција за промена на полот. Па, т...
Забавни ситуации во кои ќе се препознаат сите над 30 години: „Ова сум дефинитивно јас“ Порано се зацрвенувавте кога некој ќе ви дадеше комплимент, особено некој непозн...
9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
Луѓето кои биле во култ откриваат кога сфатиле дека се заробени „Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми р...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
„Полна рака спомени од детството... Денешните деца не посегнуваат да скинат зелени кајсии или сливи“ Јадевте ли вие зелени сливи и кајсии? И дали јадете и денес како возрасни? Ах, с...

Најчитани неделава