Од војник до ѕвезда: Која е трансродовата жена што меѓу првите го променила полот со операција?

Во 1950-тите, никој не ни знаел дека постои операција за промена на полот. Па, токму затоа, Кристин Јоргенсен станала вистинска сензација откако се дознало дека примала хормонална терапија и хируршки си го променила полот.

od-vojnik-do-dzvezda-koja-e-transrodovata-zhena-shto-megju-prvite-go-promenila-polot-so-operacija-01.jpg

Записите за трансродови личности датираат уште од древното минато. На пример, во Тајланд и на Индискиот Потконтинент илјадници години постојат изрази за мажи со женствени карактеристики.

Но, промената на полот со хормонална терапија и операција е нешто од помодерно време.

Моментално, Кејтлин Џенер е една од најпознатите трансродови личности, но пред повеќе од половина век, друга трансродова жена била во центарот на вниманието.

od-vojnik-do-dzvezda-koja-e-transrodovata-zhena-shto-megju-prvite-go-promenila-polot-so-operacija-08.JPG

Кристин Јоргенсен, родена во 1926-та како Џорџ Вилијам, е меѓу првите кои примале хормонална терапија и направиле операција за промена на полот.

И, со оваа драстична промена на целиот свој идентитет, Кристин била вистинска сензација во родната Америка.

od-vojnik-do-dzvezda-koja-e-transrodovata-zhena-shto-megju-prvite-go-promenila-polot-so-operacija-13.JPG

Кристин била родена во Њујорк, а нејзините родители бие доселеници од Данска.

Има изјавено дека нејзиното детство било нормално и среќно, но уште тогаш почнала да се чувствува како „девојче заробено во машко тело“.

По завршувањето на средното училиште, на 19-годишна возраст, Кристин се приклучила на американската војска.

od-vojnik-do-dzvezda-koja-e-transrodovata-zhena-shto-megju-prvite-go-promenila-polot-so-operacija-06.JPG

Кога се вратила дома, Кристин дознала дека постои операција за промена на полот. Одлучила дека ќе оди во Копенхаген за да дознае повеќе за операцијата и, надежно, да ја направи.

Овде го запознала доктор Кристијан Хамбургер – ендокринолог и експерт за хормонална терапија.

od-vojnik-do-dzvezda-koja-e-transrodovata-zhena-shto-megju-prvite-go-promenila-polot-so-operacija-07.JPG

Докторот ѝ кажал дека е трансродова личност и ѝ препишал соодветна хормонална терапија за да може да ја почне транзицијата.

Тој ѝ направил и неколку операции за промена на полот, по што таа почнала да го користи името Кристин во негова чест.

od-vojnik-do-dzvezda-koja-e-transrodovata-zhena-shto-megju-prvite-go-promenila-polot-so-operacija-14.JPG

Кристин наводно не сакала никој да знае за нејзината транзиција. Но, во 1952 година, весникот New York Daily News ја разоткрил, објавувајќи писма што таа им ги праќала на родителите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg