Од војник до ѕвезда: Која е трансродовата жена што меѓу првите го променила полот со операција?
Во едно од писмата пишувало:
„Природата направи грешка што јас ја поправив и сега јас сум ваша ќерка“.
Не е познато како весникот допрел до писмата, но постојат шпекулации дека Кристин самата им ги има пратено бидејќи сакала популарност.
Кога се вратила во САД во 1953 година, таа веќе била ѕвезда.
На аеродромот ја пречекале толпа новинари и иако во истиот авион било и данското кралско семејство, Кристин ги засенила со своето присуство.
Кристин прво сонувала за мирен живот како дизајнерка, но сфатила дека со популарноста што ја има, може да заработува многу.
Почнала да се појавува на телевизија и на радио, да добива улоги во театарски претстави, како и да настапува во ноќни клубови и ресторани.
Бидејќи сите биле фасцинирани од приказната за „војникот кој станал жена“, Кристин лесно заработувала и над 5.000 долари неделно (околу 40.000 денешни долари).
Потоа Кристин издала и мемоари, а за една година успеала да продаде речиси половина милион копии.
Кон крајот на 1950-тите, Кристин нашла љубов и се свршила. Но, кога сакале да се венчаат со свршеникот, не ѝ дозволиле бидејќи на изводот и сите лични документи било наведено дека е машко, а истополовите бракови биле забранети.
Кристин не нашла начин да го заобиколи ова, па со свршеникот никогаш не се венчале.
Кристин никогаш не стапила во брак, но има изјавено дека многу мажи ѝ се додворувале и сакале да бидат со неа.
Кристин починала во 1989-та, на 62-годишна возрат, по битка со рак на белите дробови.
Спирова С. | Црнобело
