Најлошите работи околу стареењето (кои најверојатно никој не ви ги кажува)

„Чувството како времето минува и има шанси да не успеете да отпатувате на местата кои посакувавте да ги видите“.

najloshite-raboti-okolu-stareenjeto-koi-najverojatno-nikoj-ne-vi-gi-kazhuva-01.jpg

Да се живее долг живот и да се остари е привилегија, но сепак тоа не значи дека стареењето е лесна работа.

Луѓе на Reddit искрено зборуваат за најтешките аспекти на стареењето.

Дел од нивните исповеди:

„Ми недостигаат родителите, животот без нив е сосема поинаков отколку животот со нив. Колку и да бев возрасна, додека беа живи секогаш бев нивното дете кое сакаа да го заштитат“.

„Мене ми недостига невиноста и возбудата. Кога сте млади чувствувате возбуда за толку многу работи, за првиот бакнеж, за првото одење во дискотека и за низа други работи кои ги правите за првпат. Тоа ми недостига навистина“.

„Боли кога гледате како вашите родители стануваат изнемоштени или страдаат од болести“.

„Најтешко ми е што процесот на закрепнување од каква било повреда или болест трае многу подолго и потешко е да се ослободите од болката“.

„Чувството на тага што не сте уживале повеќе во младоста“.

najloshite-raboti-okolu-stareenjeto-koi-najverojatno-nikoj-ne-vi-gi-kazhuva-02.jpg

„Потешко оди стекнувањето на нови пријатели, а пак старите пријатели веќе се отселени, починале или едноставно животот ве разделил“.

„Преиспитување на минатото со мисли од типот: ‘Што ако ја направев таа една работа поинаку?’

Но, потоа се штипнувате себеси и се потсетувате дека животот е тоа што ви се случува сега и дека мора да прифатите дека е во ред што некои животни цели и надежи ќе ви останат неисполнети“.

„Чувството како времето минува и има шанси да не успеете да отпатувате на местата кои посакувавте да ги видите“.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава