Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее)

„Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, ти си во ‘најдобрите години’, стави го телото на ‘игнор’, научи го на памет...“

hit-prirachnik-kako-da-si-go-unishtite-zhivotot-slatko-kje-ve-nasmee-01.jpg

Кога ќе наполниме одреден број на години имаме и доволно искуство и памет и некако доволни сме си самите на себе.

Способни сме, знаеме што сакаме и немаме време за лажни зборови и исценирани насмевки.

Сепак, лесно можеме да си го уништиме животот. И убаво велат дека најчесто од главата си патиме.

Шеговит прирачник како да си го уништите животот најлесно:

Игнорирајте го своето тело

Не се гледај во огледало, не обрнувај внимание на симптомите кои ти се појавуваат и не оди на доктор.

Се чувствуваш уморно? Не грижи се, ти си во „најдобрите години“, стави го телото на „игнор“, научи го на памет.

Бидете достапни на сите секогаш

Исфрли го зборот „не“ од речникот, особено кога се во прашање потребите и желбите на другите луѓе.

Одморот е преценета работа, што ќе ти е, стави им се на услуга на другите 24/7.

Останете засекогаш во зоната на комфорот

Зошто да пробувате нови работи? Држете си се до рутината, дури и кога не сте задоволни – не го менувајте својот живот.

Води се од мотото дека секогаш може да биде полошо.

Живејте во виртуелниот свет

Во виртуелниот свет е забавата. Таму постојано следи каков раскошен тип на живот водат луѓето, споредувај се со нив, па наполни се со љубомора, па игнорирај го својот и онака здодевен живот.

hit-prirachnik-kako-da-si-go-unishtite-zhivotot-slatko-kje-ve-nasmee-02.jpg

Постојано самокритикувајте се

Биди си сам на себе најголемиот непријател – колку повеќе патиш, толку повеќе ќе зацврстиш.

Нервирај се за секоја брчка, килограм, седо влакно. Кажи им на другите дека си безвредена личност и најдобро е да се тргнат од тебе.

Не учете ништо ново

Повторувајте си дека учењето е за децата и вие немате потреба од тоа.

Тебе мозокот ти е преполн, зошто да се трудиш да учиш и да напредуваш, чекај си мирно пензија.

Отфрлете ја страста и радоста

Радоста е преценета, најважно е да се фокусираш на проблемите. Хоби? Тебе тоа не ти е потребно!

Најдобро  е да си седиш дома, да си гледаш телевизија, да заклучиш дека ти не си за големи работи и да си слушаш дневна доза политика и црна хроника на вести, уморен од животот.

Бонус:

Никако немој да се насмееш на овој список.

Не издржа? Се насмеа? Се препозна?

Ајде насмевни се... Зошто и најмалите работи во животот да не бидат причина за смеење – па дури и овој бизарен прирачник?

Насмевката е лек за сè, а твојот живот е во твоите раце.

Извор / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Инспиративна приказна: Дедо отишол да умре на остров во Грција, па живеел уште 45 години Гркот Стаматис додека живеел во САД добил дијагноза за рак на белите дробови и п...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg