Родители споделуваат морничави работи што ги кажале и направиле нивните деца

„Син ми месечареше на возраст од шест до осум години. Една вечер дојде во дневната и ми рече ’Не ми се допаѓаат луѓето во подрумот. Многу се гласни‘“.

roditeli-spodeluvaat-mornichavi-raboti-shto-gi-kazhale-i-napravile-nivnite-deca-01.jpg

Ако обрнувате внимание на она што го кажуваат, децата се навистина забавни и имаат способност да го гледаат светот од друга перспектива.

Но, колку што можат да бидат интересни и слатки, можат да бидат и морничави.

Кога мало дете ќе каже нешто морничаво и вознемирувачко, мали се шансите да лаже, па не можете да бидете сигурни дали она што го слушате е само плод на неговата фантазија.

Секако, обично има објаснување за нивните морничави изјави, како на пример некој сон, но ова не значи дека родители не ги лазат морници кога ќе ги слушнат.

Во продолжение, неколку луѓе споделуваат морничави работи што ги кажале или направиле (нивните) деца:

„Кога ќерка ни имаше четири години, спиеше на вториот кат.

Еднаш, среде ноќ нè разбуди за да нè праша кој пробувал да ѝ ја отвори вратата од собата. Не бевме ни јас ни сопругот…“

„Мојата 3-годишна ќерка ја испружи раката со тупаница и кренат палец, како автостопер, покрај автопат.

Кога ја прашав од каде го научила тоа, ми рече дека така наоѓала превоз кога била голема девојка“.

roditeli-spodeluvaat-mornichavi-raboti-shto-gi-kazhale-i-napravile-nivnite-deca-04.jpg

„Другарка на мајка ми спиеше кај нас со нејзиното 5-годишно дете.

Во два часот по полноќ, го видов како се искрадува од куќата со голем нож.

Ми го даде ножот и кога го прашав што прави, ми рече дека му било страв од ’мажот кој шета низ дворот навечер‘.

Ја пребарав целата куќа, целиот двор, не видов никого.

Следното утро ѝ кажав на мајка му и таа сам ми рече: ’Некогаш го прави тоа‘“.

„Кога син ми имаше осум месеци, се разбуди во два по полноќ со смеење. Се смееше силно и гледаше директно во камерата за бебиња во неговата соба“.

„Син ми месечареше на возраст од шест до осум години. Една вечер дојде во дневната и ми рече ’Не ми се допаѓаат луѓето во подрумот. Многу се гласни‘“.

roditeli-spodeluvaat-mornichavi-raboti-shto-gi-kazhale-i-napravile-nivnite-deca-02.jpg

„Син ми стави луто пиперче во устата. Почна да плаче, кажа дека го мразел пиперчето, па повторно го стави во устата.

Вториот пат не плачеше. Не ми е јасно што се случи…“

„Ќерка ми, која има две и пол години рече: ’Баба е во завесите‘. Баба ѝ почина пред неколку години“.

roditeli-spodeluvaat-mornichavi-raboti-shto-gi-kazhale-i-napravile-nivnite-deca-03.jpg

„Син ми кој има 12 години некогаш вика во сонот. Навистина е страшно кога ќе ме разбуди навечер.

Исто така, неколкупати се имам разбудено среде ноќ, а тој стои до мене. Месечари, но морничаво е“.

„Периодов ќерка ми (2) постојано зборува за нејзината пра-прабаба која починала кога сум бил многу мал - јас не ја ни помнам“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg