Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 музеи низ Европа што секој треба да ги види барем еднаш во животот

Покрај Лувр, во Париз не го прескокнувајте и Центарот Помпиду каде се наоѓа најголемиот музеј за модерна уметност во Европа.

8-muzei-niz-evropa-shto-sekoj-treba-da-gi-vidi-barem-ednash-vo-zhivotot-01.jpg

Музеите низ европските метрополи се едни од најпопуларните, но и со најимпресивните колекции.

Уметнички дела од најпознатите уметници, артефакти од првите цивилизации, па и фосили од праисториски суштества – сето ова се работи што можете да ги видите во живо во некој од музеите низ Европа.

Осум музеи во европските метрополи што вреди да ги посетите барем еднаш во животот:

Центарот Помпиду, Париз

Centre Geroges Pompidou, познат и како Центарот Помпиду е дом на голема библиотека, како и на најголемиот музеј за модерна уметност во Европа.

Исто така, во центарот е сместен и IRCAM – францускиот институт посветен на истражување на музиката и звукот.

Центарот е препознатлив и по уникатниот екстериер.

https://www.instagram.com/lferraez/p/DBbfEUyxgnb/

https://www.instagram.com/teddy2212/p/DBwdZl3RAhn/?img_index=1

Британскиот музеј, Лондон

Британскиот музеј во Лондон е посветен на човечката историја и култура.

Музејот може да се пофали со една од најголемите колекции на експонати и артефакти од сите делови на светот, кои ја претставуваат човечката историја од нејзиниот почеток.

Покрај бројните артефакти, овде можете да го видите и добропознатиот Камен од Розета со чија помош се дешифрирани египетските хиероглифи.

https://www.instagram.com/p/DBT8d97IvNA/?img_index=1

https://www.instagram.com/p/Cva6sYqsaK5/?img_index=1

Државен музеј, Амстердам

Познат и како Rijksmuseum, Државниот музеј во Холандија првично бил во Хаг, но во 1808 бил преместен во Амстердам.

Музејот е посветен на историјата и уметноста во Холандија, а внатре се истакнати над 8.000 експонати, кои вклучуваат и ремек-дела на Рембрант и Вермер.

https://www.instagram.com/p/DBv98-VIheB/

https://www.instagram.com/rijksmuseum/p/DAvryDUMC0j/

Лувр, Париз

Лувр е еден од најголемите и најпознатите музеи не само во Европа, туку и во светот воопшто.

Неговата колекција, што ја сочинуваат околу половина милион експонати, опфаќа уметнички дела и артефакти од праисторијата, па сè до денес.

Во музејот се изложени околу 30.000 експонати, и ако сакате да видите сè што е изложено, ќе ви бидат потребни сто дена.

Покрај Мона Лиза, овде можете да ја видите статуата Милоска Венера, па дури и мумија од Египет.

https://www.instagram.com/p/DBmsqxAyXCG/?img_index=1

https://www.instagram.com/soul_huang/p/DBrAFO2ztD_/

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Артист од Холандија прави забавни уметнички инсталации низ Амстердам (фото) Френк де Руве e уличен уметник од Амстердам кој работи под називот „Френки“ и се...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg