5 „себични“ работи што ќе ве направат посреќна личност

Да поставите граници, да кажете „не“ – некои работи можеби делуваат себично, но на крај ќе ве направат посреќна личност.

5-sebichni-raboti-shto-kje-ve-napravat-posrekjna-lichnost-01.jpg

Колку и да ни звучи себично, некогаш грижата за себе треба да ни биде најважното нешто.

Ако не се грижиме за себе и ако не си ја пружиме потребната љубов, не можеме да очекуваме да бидеме среќни или да бидеме овде за саканите.

5 работи кои можеби делуваат себично, но сигурно ќе ве направат посреќна личност:

Поставување граници

Не треба да дозволите некој да ве притиска да правите нешто што не сакате.

Секогаш треба да поставите граници во односот со другите и не мора да пробувате да бидете трпеливи кога некој ги прегазува.

Да кажете „не“

Колку и да сакате да им помагате на другите, никогаш нема да можете да им помогнете на сите.

Кога не сакате или не можете да направите услуга, слободно кажете „не“, без чувство на вина.

5-sebichni-raboti-shto-kje-ve-napravat-posrekjna-lichnost-02.jpg

Вие да си бидете приоритет

За вас, вашите потреби треба да бидат најважни.

Мора вие да се чувствувате добро, ако сакате да им правите добро и на другите.

Да кажете кога нешто ви пречи

Немојте да премолчувате кога некој ќе ве повреди, ќе ве навреди или слично.

Не сте должни да трпите некого и да молчите од учтивост. Кога некој не ви покажува почит, не треба ни вие да го почитувате него.

Да си заминете

Имате право да си заминете и да ги напуштите луѓето или ситуациите кои веќе не ви служат или се токсични за вас.

Само затоа што нешто или некој било голем дел од вашиот живот, не значи дека треба да се држите за тоа по секоја цена.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg