Предлози за новогодишни честитки што може да ги направите сами (или со своите деца)

Честитка со ѕвезди

predlozi-za-novogodishni-chestitki-shto-mozhe-da-gi-napravite-sami-ili-so-svoite-deca-04.jpg

Втор начин да нацртате лампиони е со дебели фломастери.

Постапката почнете ја како и кај претходните честитки - листот хартија превиткајте го на половина.

На друг лист хартија нацртајте ѕвезда, па исечете ја.

Поставете го листот со ѕвездата врз листот хартија што ќе ви биде основа на честитката.

Со едната рака држете ги цврсто двата листа еден врз друг, за да не се измрдаат.

Низ ѕвездата цртајте линии со фломастерите (како во видеото).

Потоа на истиот начин нацртајте уште 2 ѕвезди, за честитката да биде шарена и богата.

На крајот, со тенок златен фломастер нацртајте уште неколку ѕвездички на честитката.

Најдолу испишете ја пораката „Среќна Нова година“.

Видео постапка:

Честитка со свеќички

predlozi-za-novogodishni-chestitki-shto-mozhe-da-gi-napravite-sami-ili-so-svoite-deca-05.jpg

Листот хартија превиткајте го на половина (може да е А4 или помал формат).

На средината на листот (по ваша желба може да е или хоризонтално или вертикално) ставете една лента селотејп, но не го притискајте силно за да можете да го извадите.

Со дебели маркери во различна боја направете линии (како на видеото), а потоа со златно пенкало или со тенок фломасте, нацртајте го пламенот на свеќата.  

Извадете го селотејпот и на тоа место напишете „Среќна Нова година“.

Видео постапка:

 А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

16 новогодишни декорации од TEMU до 500 денари - ќе ви внесат магија во домот Некои работи ќе ве чинат 100 денари, некои 500, но дефинитивно може да најдете с...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg