„Јас сум стара жена, со денови немам со кого да направам муабет - посакувам да имав некој да се грижи за мене“

„Гледам на телевизија емисии за луѓе кои не проговориле со никого цела седмица и знам како е тоа... Поминуваат денови, а да немам разговарано со никого, освен со касиерките во маркетите“, вели Меги Ретклиф (84) од Велика Британија .

posakuvam-da-imav-nekoj-da-se-grizhi-za-mene-so-denovi-nemam-so-kogo-da-napravam-muabet-01.jpg

Меги Ретклиф (84) од Велика Британија во својата чанта си носи ливче со инструкции во случај ако доживее некаков удар или друг тип на нарушување на здравјето.

Таа нема семејство, има само неколку пријатели и е загрижена дека ако заврши во болница, нема никој да дојде и да ѝ помогне да ѝ се исполнат желбите, потребите и барањата.

Меги живее сама уште од 27-годишна возраст, кога всушност ѝ пропаднал бракот.

Била единствено дете, мајка ѝ умрела кога таа имала 6 години, а татко ѝ кога имала 18.

posakuvam-da-imav-nekoj-da-se-grizhi-za-mene-so-denovi-nemam-so-kogo-da-napravam-muabet-03.jpgМеги Ретклиф

„Гледам на телевизија емисии за луѓе кои не проговориле со никого цела седмица и знам како е тоа“, вели таа за магазинот „Metro“.

posakuvam-da-imav-nekoj-da-se-grizhi-za-mene-so-denovi-nemam-so-kogo-da-napravam-muabet-02.jpg

„Поминуваат денови, а да немам разговарано со никого, освен со касиерките во маркетите.

Тешко е. Нема никој со кој би можела да излезам и да испијам кафе.

И тие малку пријатели што ги имам се зафатени со своите семејства и не ме вклучуваат во нивниот распоред.

Ако сум болна, немам кој да дојде да ме посети“.

Меги, која работела како кабински екипаж во авион, има преживеано рак, операции на колено и низа други здравствени проблеми.

Единствена релаксација ѝ е работењето во градината или одењето во некој локал каде повторно седи сама.

И иако изгледа дека општеството е поповрзано од кога било поради телефоните, интернетот и социјалните мрежи, илјадници луѓе како Меги се чувствуваат поосамено од кога било.

Осаменоста е глобален проблем и неретко читаме трагични вести како луѓе починале, а никој не го пронашол нивното тело со месеци, па и години, како резултат на дисконектираното општество.

posakuvam-da-imav-nekoj-da-se-grizhi-za-mene-so-denovi-nemam-so-kogo-da-napravam-muabet-04.jpg

Вие, како дел од општеството, ако имате во близина некоја личност која живее сама и ви изгледа осамено, понудете ѝ помош на каков било начин или едноставно само прашајте ја како е – сигурно ќе ѝ значи многу.

Да се потрудиме заедно светот да го направиме подобро место за живот...

posakuvam-da-imav-nekoj-da-se-grizhi-za-mene-so-denovi-nemam-so-kogo-da-napravam-muabet-05.jpg

Прочитајте и 11 докази дека осаменоста е опасна по здравјето

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg