8 работи по кои сите „лудувавме“ пред 10 години (а веќе ги заборавивме)
Сите околу нас имаа селфи стик, девојките си фарбаа прамени во розова боја, популарни беа рамните дефинирани веѓи и течните мат кармини - што беше тренд во 2015-та, пред 10 години?

Додека некои трендови се враќаат во мода, други остануваат засекогаш во минатото.
Па така, голем дел од работите кои беа популарни пред 10 години, веќе не се актуелни и сосема сме заборавиле дека сме ги правеле.
Потсетете се на трендовите од 2015:
Сите сакаа да имаат селфи стик и сите имаа фотки на кои се гледа стапчето

Се расправавме околу тоа која боја е овој популарен фустан

Девојките си бојадисуваа прамени од косата во розови и сини бои

Популарни беа цртани и рамни, дефинирани веѓи кои следеа иста линија, наместо природно растење

Тренд станаа течните мат кармини во силна боја благодарение на Кајли Џенер, а сега сите сакаат сјајни и меки усни

Се снимавме со анимирани филтри на Snapchat – со кучешки уши, исплазен јазик и други слични ефекти

Насекаде гледавме тинејџери кои возеа хавербордови

Се популаризираа хеланките како секојдневна лајфстајл облека

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца)
Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени
Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото)
„Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“
„Вреснав...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“
„Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото)
„Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“
„Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
