10 чудни однесувања на личностите кои длабоко во себе се чувствуваат осамено
Кои се знаците дека некој тајно се бори со осаменоста, но тоа нема да го признае?

Сите понекогаш се чувствуваме осамено, но некои луѓе се борат со осаменоста толку длабоко што развиваат механизми за да ја сокријат - дури и од себе.
Иронијата е во тоа што токму овие однесувања често ги оттурнуваат oд другите, создавајќи циклус што е тешко да се прекине.
Кои се знаците дека некој тајно се бори со осаменоста, но тоа нема да го признае?
Однесувања на осамените личности:
Споделуваат премногу информации за своите животи
Буквално ќе ја споделат со вас целата своја животна приказна во само неколку минути.
Креираат чудни врски со личности од телевизија или интернет
Имаат илузија на интимност со личности кои јавно споделуваат детали од својот живот, пример некој познат музичар или Јутјубер. Ги чувствуваат дури како свои пријатели.

Претеруваат со објавите на социјалните мрежи
Нивниот Инстаграм профил е преполн со фотки од средби со пријатели и возбудливи излегувања, но всушност ретко ги гледате како уживаат во ваков тип на настани во реалниот живот.
Често нивниот профил е комплетна спротивност од нивното вистинско животно искуство.
Опседнати се со своите миленици
Постојано зборуваат само за нив, откажуваат планови за нивните миленици да не се чувствуваат осамено и имаат повеќе фотографии од милениците, отколку од која било личност во животот.
И, иако дружбата со животните е прекрасна, претераната поврзаност асоцира на човек кој се плаши да се поврзе со другите луѓе.

Тие се „пријателот кој е секогаш достапен“
Тие се пријателите кои секогаш оставаат сè за да се видат со вас и кои се чини како да немаат други планови.
