40 чудни (и забавни) прашања кои може да им ги поставите на пријателите кога ви е здодевно
Кое необично животно би го земал за милениче и зошто? Би живеел во свет без зима или без лето? Ако можеш да ми го смениш името, како би ме нарекол?

Дали се случува некогаш да седите со близок пријател и да не ви текнува што да си кажете, затоа што постојано сте заедно?
Ако е така, тогаш искористете некое од овие прашања и сигурно ќе имате добра забава.
Ќе се запознаете на едно поинакво ниво и сигурно ќе дознаете работи за него, кои не ги знаете и покрај долгогодишното дружење.
Интересни прашања за кога ви е здодевно со пријателите:
За што разговараш кога разговараш сам со себе?
Кој е твојот омилен „чуден“ спој на храна?
Мислиш ли дека би се согласувал со свој клон?
Кој би бил насловот на твојата автобиографија?
Ако би можел да измислиш држава, како би ја нарекол?
Кој ти е омилен збор?
Која супермоќ не би сакал да ја имаш?
Кој е најлошиот моден тренд кој сè уште ти се допаѓа?
Имаш ли засрамувачки таен талент?
Кое е едно нешто што сите изгледаат глупаво кога го прават?
Дали некогаш си се повредил на многу глупав начин (и како)?
Кој актер би сакал да те глуми во филм за твојот живот?
Ако мораше да слушаш една песна цел ден, која би била?
Би избрал многу просечни пријатели или еден, а многу лојален?
Кој е најнеобичниот предмет што го поседуваш и како си го добил?
Кое необично животно би го земал за милениче и зошто?
Кои се твоите најконтроверзни мислења?
Би живеел во свет без зима или без лето?
Ако можеш да се претвориш во историска личност, која би била?
Ако си лик во хорор филм, како би избегал од убиецот и преживеал?
Кое би било твоето работно место во циркус?
Ако имаше трето уво, каде би си го ставил?

Што би направил ако се разбудиш како 10-годишната верзија од себе?
Кој подарок би го избрал за твојот заколнат непријател?
Кој ти е најголем ирационален страв?
Кое е совршено име за мачка?
Што е чудно нешто што ти се допаѓа кај мене?
Кој е луд факт за тебе што сè уште не го знам?
Ако ти беше владетел на светот, кој би бил твојот главен советник?
Ако можеш да ми смениш име, како би ме нарекол?
Кој ти е најмалку омилен орган во телото?
Кое ти е едно од најдлабоките сеќавања?
Кој би бил број еден на твојата имагинарна „црна листа“?
Ако можеш да користиш магија за да правиш само едно секојдневно нешто, што би било тоа?
Ако би бил некој зачин, кој би бил?
Што е последното нешто што си го направил за првпат?
Што е нешто за тебе што тешко би поверувал?
Кој е најужасниот факт што го знаеш?
Би сакал да бидеш многу згоден со низок IQ или обратно?
Кој е твојата омиленa теорија на заговор?
С. С. | Црнобело
