Што да направите ако ви се плаче и уште 5 психолошки трикови за непријатни ситуации

Како да спречите икање?

Постојат неколку трикови со кои можете да го прекинете икањето. Не секогаш функционираат, па треба да експериментирате.

Можете да си го затнете носот и да го држите воздухот некое време.

Ако ова не функционира, затнете си ги ушите со прстите и напијте се вода од шише (може и со сламка).

Можете да пробате и да испиете неколку голтки многу студена вода или да ставите коцка мраз во устата.

6-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-vo-neprijatni-situacii-05.JPG

Како да се смирите пред важен настан?

Ако чувствувате анксиозност пред важен настан и никако не можете да се смирите, пробајте да ги стегнете мускулите на лицето, рамената и рацете, а со дланките направете тупаници.

Држете неколку секунди, па опуштете се.

По стегањето на мускулите, телото ќе ви се чувствува порелаксирано и колку-толку ќе ја ублажите анксиозноста.

6-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-vo-neprijatni-situacii-06.JPG

Како да ги спречите солзите?

Кога сме емотивни, може да биде тешко да ги сопреме солзите. Но, не секое место е погодно за плачење.

Ако се најдете во ваква ситуација, погледнете нагоре и задржете го воздухот неколку секунди, па издишете бавно.

Повторете уште неколкупати ако има потреба.

6-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-vo-neprijatni-situacii-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...

Најчитани неделава