Чувале лавови како миленици, едниот им го убил синот: Трагичната приказна на семејството Берберов од Азербејџан
Во 1978 година, Лев починал од инфаркт, по што Нина се соочила со финансиски проблеми и сакала да го врати лавот во зоолошката.
Но, оттаму не сакале да го згрижат.
Па, таа продолжила да се грижи за него сè до ноември 1980-та, кога лавот ја нападнал неа и ѝ го убил синот.
Нина се враќала од работа и штом влегла дома, забележала дека лавот се однесува чудно, по што ја нападнал.
Кога нејзиниот 14-годишен син сакал да ја заштити, лавот го нападнал и него, по што Нина изгубила свест.
Во меѓувреме, соседите ја слушнале вревата и викнале полиција која го застрелала и убила лавот.
Нина се разбудила во болница и тогаш дознала дека син ѝ не го преживеал нападот.
„Го изгубив синот. По инцидентот, размислував за самоубиство. За мене се грижеа ќерка ми и пријател со кого после и се венчав. Сега веќе не чуваме диви животни, само мачки кучиња и папагали.
Не го мразам лавот. Тој беше животно и не разбираше што направи. Но, не можам да си простам себеси што не го заштитив син ми“, има изјавено Нина неколку години по трагедијата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





