Зошто кризата на идентитетот „удира“ силно по 40-тата (и како да се справите со промените)?

Станувате посвесни за здравствените проблеми

Кога ќе наполните 40, почнува да ви се менува и здравјето, а вие станувате свесни за проблеми кои дотогаш не сте ги забележувале - шеќер, притисок, малаксаност, замор, влошен вид, холестерол и слично.

Па кога ќе ги видите сите лекови што мора да ги пиете на дневна база, „ве удира“ реалноста дека веќе не сте ни млади ни витални како порано.

Ова е време кога многумина решаваат да свртат нов лист, да почнат да се грижат повеќе за себе, да одат на контроли, прегледи и слично.

Но, постојат и мажи и жени кои по 40-тата почнуваат да тренираат, да одат во теретана, да трчаат, да слабеат - а сето ова бидејќи не се задоволни ни од здравјето, ни од физичкиот изглед.

И во двата случаја сите ќе го припишат ова на кризата на идентитет со која се соочиувате.

zoshto-krizata-na-identitetot-udira-silno-po-40-tata-i-kako-da-se-spravite-so-promenite-07.jpg

Го менувате односот кон парите

Ако „до вчера“ трошевте без размислување, по 40-тата веќе ве фаќа страв во однос на финансиите и дали ќе имате доволно за „црни денови“.

Одеднаш го пребројувате секој денар, тргате пари на страна, почнувате да штедите.

Внимателно го планирате секој трошок и се надевате дека имате уште доволно време да заработите за стабилна иднина.

На крајот оваа криза се сведува на едно - да направите план за трошење и штедење кој ќе ви обезбеди безгрижна старост (од финансиски аспект).

zoshto-krizata-na-identitetot-udira-silno-po-40-tata-i-kako-da-se-spravite-so-promenite-04.jpg

Имате духовно будење

По 40-тата година многу луѓе почнуваат да се вртат кон религијата, размислуваат за грешките од минатото, бараат прошка за гревовите.

Дури и луѓето кои не биле религиозни, се вртат кон Бога, најмногу поради страв од непознатото за тоа што се случува по смртта.

И тоа е во ред, доколку ви носи мир и спокој.

zoshto-krizata-na-identitetot-udira-silno-po-40-tata-i-kako-da-se-spravite-so-promenite-03.jpg

Го менувате стилот

Поради стравот од стареење, голем број и мажи и жени пробуваат да го задржат младешкиот изглед, а тоа го прават преку гардеробата.

Избираат кежуал парчиња наместо класични, ги менуваат стилот, фризурата со надеж дека ќе изгледаат помладо, па и дека ќе привлечат помлада личност кон себе.

Ова може да е само фаза која минува брзо, но може да е и вистинска криза на средните години, која никогаш нема да ве напушти.

Но, дури и да се случи ова, важно е да сте задоволни од својот изглед во огледало, и на крајот на денот, навистина не е важно како ќе се облечете ако сте среќни.

zoshto-krizata-na-identitetot-udira-silno-po-40-tata-i-kako-da-se-spravite-so-promenite-02.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg