8 работи што само неучтивите луѓе ги прават во лифт
Не ја покриваат устата кога кашлаат или киваат и не стојат свртени кон вратата кога во лифтот има и некој друг.
Лифтовите, вклучително и во зградата во којашто живеете, се јавен простор, што значи секогаш треба да ги земате предвид и другите луѓе околу вас.
Постојат бонтон правила дури и за користење лифт кои доколку ги прекршите, ќе изгледате како неучтива личност.
Работи што не треба да ги правите во лифт:
Не чекате да влезе некој друг
Ако забележите дека доаѓа уште една личност која сака да го искористи лифтот, почекајте ја.
Најлошото нешто што можете да го направите е да ѝ ја затворите вратат од лифтот пред нос.
Дури и ако се брзате, потребни се само 2-3 секунди да почекате да се качи и некој друг.
Предолго да го задржувате лифтот
Од друга страна, неучтиво е и предолго да го задржувате лифтот.
Ако по вас доаѓа уште некој кој сака да влезе, но сепак е многу оддалечен, тогаш подобро е да не го задржувате лифтот штом внатре има и некој друг.
Исто така, немојте да си разговарате со некој кога треба да излезете од лифтот и со тоа повторно да го задржувате.
Не се свртувате кон напред
Генерално, лифтовите се тесни, но и во овој случај е важно да се почитува туѓиот простор.
Навистина е непријатно ако сте во лифт со уште некој и се свртите кон него. Најдобро е да застанете до него и да се свртите кон вратата.
Се туркате да влезете во преполн лифт
Секој лифт си има ограничување и ако гледате дека е полн, не се туркајте да влезете.
Од една страна, на никој нема да му биде пријатно во преполн лифт, а од друга, ризично е лифтот да биде преполнет со тежина поголема отколку што може да издржи.
Сите сме биле во ситуација кога ни се брза, но штом лифтот е веќе полн, почекајте.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





