8 работи што само неучтивите луѓе ги прават во лифт

Не ја покривате устата кога кашлате или кивате

Ова е правило што треба да се почитува насекаде, но особено во лифт.

Поради малиот простор, не само што е неучтиво, туку и одвратно да му се искашлате или да му кивнете на некој во лице, без да ја покриете устата.

8-raboti-shto-samo-neuchtivite-lugje-gi-pravat-vo-lift-06.JPG

Гласно зборувате на телефон

Никој не сака да ги слуша вашите разговори, особено не кога е затворен со вас во лифт и нема каде да „побегне“.

Колку и да е итен разговорот, сигурно можете да почекате неколку секунди додека да слезете од лифтот.

8-raboti-shto-samo-neuchtivite-lugje-gi-pravat-vo-lift-08.JPG

Ги туркате луѓето за да излезете од лифтот

Ако пред вас има некој кога треба да слезете, немојте грубо да го туркате.

Доколку личноста не се сети самата да се тргне, тоа можеби е неучтиво од нејзина страна. Но, не мора и вие да бидете неучтиви и замолете ја да се потргне.

8-raboti-shto-samo-neuchtivite-lugje-gi-pravat-vo-lift-09.JPG

Носите многу силен парфем

Во екстремно мал простор со лоша вентилација, може да биде непријатно ако имате многу силен парфем. Не заборавајте и дека мирисот ќе остане внатре уште некој период откако ќе излезете од лифтот.

Ако користите посилен парфем, тогаш немојте да се „бањате“ во него бидејќи на другите ќе им биде непријатно да стојат во вас и на отворено, не пак во лифт.

8-raboti-shto-samo-neuchtivite-lugje-gi-pravat-vo-lift-07.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg