Си ја убила другарката и лажирала силување за да ѝ го украде идентитетот: Детали за најморничавата измама за пари

Во 2008 година, жена од Шпанија си ја убила другарката за да ѝ го украде идентитетот и за да може да вади кредити во нејзино име. Пробала да си ги скрие трагите така што ѝ инјектирала семена течност, со цел убиството да изгледа како силување.

si-ja-ubila-drugarkata-i-lazhirala-siluvanje-za-da-go-ukrade-identitetot-detali-za-najmornichavata-izmama-za-pari-01.jpg

Неодамна, на Нетфликс почна да се прикажува документарец насловен Angi: Fake Life, True Crime кој веднаш стана хит.

Документарецот се фокусира на вистинска морничава приказна за жена која ладнокрвно ја убила својата пријателка, сè со цел да го украде нејзиниот идентитет за финансиска добивка.

Моментално, жената убиец е во затвор каде отслужува 18-годишна казна затвор.

si-ja-ubila-drugarkata-i-lazhirala-siluvanje-za-da-go-ukrade-identitetot-detali-za-najmornichavata-izmama-za-pari-02.JPG

Неколку детали за грозоморниот случај:

Марија Анхелес Молина од Барселона со години заработувала милиони преку измами. Таа многупати се претставувала како разни личности – од психолог и адвокат, до пациент со рак и жртва на семејно насилство, со цел да изнудува пари.

Таа била и во брак со моќен бизнисмен кој во 1996 година мистериозно починал, поради што надлежните веруваат дека Марија има „вмешано прсти“.

si-ja-ubila-drugarkata-i-lazhirala-siluvanje-za-da-go-ukrade-identitetot-detali-za-najmornichavata-izmama-za-pari-7.JPGМарија на денот на венчавката со починатиот сопруг

Нејзината жртва, Ана Паез, била 35-годишна модна дизајнерка која мислела дека Марија ѝ е пријателка.

Ана и Марија се познавале десетина години – се запознале додека работеле во иста компанија и со текот на времето нивното пријателство станувало сè поцврсто.

Не е позната точната возраст на Марија, но била постара од Ана. Па, модната дизајнерка во неа не гледала само пријателка, туку ја сметала и за ментор и идол.

si-ja-ubila-drugarkata-i-lazhirala-siluvanje-za-da-go-ukrade-identitetot-detali-za-najmornichavata-izmama-za-pari-08.JPGАна Паез

Пред Ана, Марија глумела дека е успешна бизнис жена и постојано ја опсипувала со внимание, а била и мошне дарежлива кон неа. Но, вистинската намера на Марија била да го украде идентитетот на Ана.

На 19-ти февруари 2008 година, Ана била пронајдена мртва во изнајмениот стан во којшто живеела. Дизајнерката била без облека, а била задушена со пластична кеса.

Првичната истрага покажала дека станува збор за сексуално насилство, но колку повеќе го разгледувале случајот, надлежните сфаќале дека некои работи не се поклопуваат.

si-ja-ubila-drugarkata-i-lazhirala-siluvanje-za-da-go-ukrade-identitetot-detali-za-najmornichavata-izmama-za-pari-6.JPG

Утрото пред да ја убие Ана, Марија отишла во банка, со перика, и извадила 600 евра од сметката на модната дизајнерка. Од банката, Марија отишла во домот на Ана каде што ѝ дала седативи, па ја задушила со пластичната кеса.

Со цел да ги прикрие своите траги, Марија разработила бизарна шема – на убиената дизајнерка и инјектирала семена течност за да изгледа како да е силувана. Семената течност, пак, ја зела од бордел.

Токму поради ова, полицијата мислела дека Ана е жртва на сексуално насилство.

si-ja-ubila-drugarkata-i-lazhirala-siluvanje-za-da-go-ukrade-identitetot-detali-za-najmornichavata-izmama-za-pari-05.JPG

Но, набрзо забележале дека во име на убиената Ана биле извадени неколку банкарски кредити, па почнале да се сомневаат.

Прегледувајќи ги безбедносните камери од банката, сфатиле и дека на денот на убиството, Ана не извадила 600 евра од нејзината сметка, туку дека тоа била Марија која носела перика.

Веднаш по убиството, Марија тргнала за шпанскиот град Сарагоса, наводно за да ја земе пепелта од нејзиниот татко кој починал претходната година.

Со ова, Марија пробал да си направи алиби, односно да има доказ дека не била во Барселона кога се случило убиството.

si-ja-ubila-drugarkata-i-lazhirala-siluvanje-za-da-go-ukrade-identitetot-detali-za-najmornichavata-izmama-za-pari-03.JPGМарија со сопругот

Сепак, како што напредувала истрагата, сè повеќе докази покажувале кон Марија и таа неколкупати била испрашувана.

За време на испрашувањата, како самата да не можела да ги следи своите лаги, па честопати давала конфликтни изјави.

si-ja-ubila-drugarkata-i-lazhirala-siluvanje-za-da-go-ukrade-identitetot-detali-za-najmornichavata-izmama-za-pari-04.JPG

Конечно, полицијата добила дозвола да го пребара нејзиниот дом, каде нашле документи кои биле доказ дека го користи идентитетот на Ана.

Во 2012 година, Марија доби 22-годишна затворска казна – 18 години за убиство и 4 години за фалсификување документи.

Сепак, подоцна казната ѝ беше намалена на 18 години и моментално се наоѓа во затвор во Шпанија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава