Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае
Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тропкаат. Чантата никогаш не ја оставајте на маса. Не помислувајте да ги извадите сите работи од чанта додека сте со луѓе. Кои други правила треба да ги почитувате?

Чантата на некои жени им служи само за да има каде да стават нешто од точка А до точка Б.
Но, за други е моден додаток и начин да го искажат својот стил.
Во секој случај, дамите треба да се однесуваат културно и да не забораваат на одредени непишани правила за да остават добар впечаток.
Потсетете се на дел од нив:
Не претерувајте со приврзоци и додатоци кои делуваат нападно и детски
Посебно доколку станува збор за деловен настан или посета на културни места од типот на театар, избегнувајте метални додатоци кои може да тропкаат и да пречат или кадифени играчки кои може да изгледаат несериозно.

Соодветно поставете ја должината на ременот
Чантите кои се носат преку рамо се практични, но за да изгледаат добро, треба соодветно да ја приспособите должината на ременот, да не е ни премногу горе, ниту долу.

На чантата не ѝ е место на маса
Сигурно веќе сте слушнале дека не е по бонтон да ја ставате чантата на маса, независно дали сте на гости, во кафуле или ресторан. Местото на чантата е на задната страна од столот (но да не пречи никому) или на специјална закачалка под масата.

Не заборавајте да ги чистите чантите
Можеби не како облеката, но повремено, чантите си бараат одржување, па не ги заборавајте ако не сакате да делуваат валкано, истрошено и излитено.

Не носете чанта со рачки на рамо
Ако чантата има пократки рачки, тогаш таа е наменета да се носи во рака, или пак, да ја ставите на подлактицата, но не и на рамо.

Не покажувајте што носите во чанта
Според бонтон, не треба да си дозволите да ја празните чантата пред сите, ниту да бркате додека претурате низ внатрешноста. Тоа е само за вас.

Внимавајте како се однесувате
Според експерти за бонтон, но и говор на тело, се смета дека преместувањето на чанта од една рака во друга, може да значи дека се досадувате, па не го правете тоа кога сте во друштво.

М. М. | Црнобело
