Се разведе и повторно најде љубов: Што прави денес „највлакнестото девојче во светот“?

Супатра од Тајланд, која беше прогласена за „највлакнестото девојче во светот“, беше во брак, но се разведе и веќе седум месеци има нова љубов. Како изгледа денес?

se-razvede-i-povtorno-najde-ljubov-sho-pravi-denes-najvlaknestoto-devojche-vo-svetot-01.jpg

Супатра Сусуфан која го има таканаречениот „синдром на врколак“ во 2010 година беше прогласена за „највлакнестото девојче во светот“ од страна на Гинис.

Поради нарушувањето, на Супатра ѝ растат повеќе влакна од вообичаено, особено на лицето.

se-razvede-i-povtorno-najde-ljubov-sho-pravi-denes-najvlaknestoto-devojche-vo-svetot-08.JPG

Супатра, која потекнува од Бангкок, Тајланд и има 25 години, во минатото се соочувала со критики, навреди и исмејување, но денес е самоуверена млада жена која е горда на себе.

Во тинејџерските години, Супатра пробувала да ги отстрани влакната со ласерски третмани, но безуспешно. Па, решила да крене раце од скапите третмани и почнала само да го бричи лицето.

se-razvede-i-povtorno-najde-ljubov-sho-pravi-denes-najvlaknestoto-devojche-vo-svetot-10.JPG

Пред неколку години, Супатра откри дека стапила во брак. Но, во 2024 година се разделила од сопругот, иако не е позната точна причина.

Сега, пак, повторно е во среќна врска, а неодамна ан Фејсбук се пофали дека прославила седум месеци со партнерот.

se-razvede-i-povtorno-najde-ljubov-sho-pravi-denes-najvlaknestoto-devojche-vo-svetot-03.JPG

Од средниот век до денес, регистрирани се само неколку лица со нарушувањето на Супатра.

Прочитајте и: Страдал од „синдром на врколак“, го третирале како животно – потресната приказна на мажот кој е инспирација за „Убавицата и ѕверот“

Пред неколку години, Супатра откри дека во тинејџерските години се соочувала со навреди поради својот изглед.

„Имаше некои луѓе кои ме задеваа и ме нарекуваа мајмун. Но, сега веќе не се случува тоа.

Веќе се навикнав на мојата состојба. Сепак, некогаш влакната ми пречат ако станат предолги“.

se-razvede-i-povtorno-najde-ljubov-sho-pravi-denes-najvlaknestoto-devojche-vo-svetot-02.JPG

Претходно, таа има изјавено дека е горда на својот изглед.

„Не се чувствувам поразлично од другите и има многу пријатели. Тоа што сум влакнеста ме прави посебна“.

Повеќе фотки од Супатра на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg