Во пожар на маратон ѝ изгореле 65% од телото, имала 200 операции: Инспиративната приказна на Турија Пит од Австралија
Во 2011-та, Турија Пит од Австралија трчала маратон, но се нашла среде опожарена област од која не можела да избега. Ѝ изгореле 65% од телото, ѝ биле ампутирани седум прсти и поминала 6 месеци во болница. По закрепнувањето, Турија се натпреваруваш на низа маратони, напиша книги, а држи и мотивациски говори за да ги инспирира другите.
Турија Пит од Австралија е спортистка која стана позната по страшна несреќа за време на маратон.
Во 2011 година, Турија трчала ултрамаратон во Австралија, кога затекнала пожар на кој не можела да му избега, а потоа, со изгореници на 65% од телото, чекала неколку часа пред да дојде спасувачка екипа.
Денес Турија е авторка, а држи и мотивациски говори со цел да им помогне на луѓето кои минуваат низ тешки периоди.
„Во 2011 година, бев рударски инженер и го живеев мојот сон во Австралија. Но, кога се натпреварував на ултрамаратон од 100 километри, се затекнав среде пожар.
Ме спасија со хеликоптер, едвај жива, со изгореници на 65% од моето тело. Изгубив 7 прсти, имав над 200 медицински процедури и поминав две страшни години во закрепнување.
Откако преживеав и покрај сите пречки, одново си го изградив животот и ги надминав сите очекувања за мене“, пишува на веб-сајтот на храбрата жена.
Во продолжение, нејзината приказна:
Маратоните не биле нешто непознато за Турија кога се пријавила на ултрамаратон во 2011 година.
Маратонот со должина од 100 километри се одржувал на 2-ри септември, во западниот дел на Австралија, во областа Кимберли.
Но, во еден миг Турија се нашла среде пожар – горела огромна површина грмушки и пробала да го наттрча огнот, но безуспешно.
Со неа биле заробени уште три натпреварувачки кои немале како да избегаат од опожарената област.
„Се сеќавам на жешкото сонце, како ми ја гори веќе изгорената кожа. Се сеќавам дека пробав да се напијам вода, но ја исплукав бидејќи беше врела. Се сеќавам дека гледав како парчиња кожа ми се лепат на карпите и облеката“, раскажува Турија.
Во миговите кога мислела дека ќе го загуби животот, Турија вели дека мислела на нејзиниот партнер Мајкл.
„Се сеќавам како си кажував ’Мисли на неговото топло лице, на неговиот сладок глас, на неговата златна кожа. Мисли на Мајкл‘.
Се сеќавам на чувството на паника како што минуваа часовите. Сакав да бидам спасена. Сакав некој дами каже дека сè ќе биде во ред.
Се сеќавам кога сонцето почна да заоѓа, топлината почна да се намалува, ветрот стануваше посилен. Се сеќавам дека реков дека не знам дали ќе издржам уште долго“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





